Оние кои знаат германски јазик лесно може да најдат работа како лекари, медицински сестри, ИТ, електричари, машиновозачи. Доколку сакате работа во Германија со нашите дипломи треба само да знаете германски јазик и може да најдете работа под истите услови и со исти социјални права како и државјаните на Европската унија, благодарение на воведување на плавата карта, пишува Фактор.мк.
Работодавците во Германија можат да вработат работници надвор од ЕУ ако кандидатот има диплома од високо образование, ако договорот за вработување е во согласност со германските закони и доколку годишната бруто плата на странските експерти е повисока од 44,800 евра, односно 34,944 евра за струки каде најмногу недостасува работна сила. Висината на платата се утврдува со колективните договори, така што платата ќе биде иста како и за државјаните на таа држава.
За странските ИТ-експерти и инжењери не се бара признавање на дипломата. Признавање на дипломата е неопходно само за одредени професии, како што се лекари и тој процес се решава во рок од три месеци. Доколку дипломата не одговара на германските барања, можно е да се спроведе дополнителна обука или недостатоците да се надополнат со работно искуство. Посебен услов за странските државјани е познавање на германскиот јазик на ниво Б2.
Барани работни места во Германија:- лекари,медицински сестри и негуватели- ИТ експерти- експерти од областа на роботиката- електричари- машиновозачи
Потребно за конкурирање:- квалификации еднакви на оние во Германија- познавање на германски јазик на ниво Б2- диплома од високо образование- договор за вработување во согласност со германските закони- годишна бруто заработувачка повисока од 44.800евра- општ, санитарен и здравствен преглед
Доколку сакате работа во Германија со нашите дипломи треба само да знаете германски јазик и може да најдете работа под истите услови и со исти соци