Излезе дека сакате секс малку повеќе од него. Можеби многу повеќе. Понекогаш се чувствувате и како сексуален манијак, но не можете да си помогнете. Еве што да направите ако вашите сексуални навики се разликуваат од оние на вашиот партнер.Сигурно е дека сите сакаат секс, некои повеќе, а некои помалку. Но, што ако вашиот партнер сака повеќе секс? А што ако повеќе сакате вие? Дали тоа значи дека мора да раскинете? Секако дека не. Гледајте на тоа вака: Нашите желби во врска со сексот не се однесуваат само на тоа колку често имаме секс, туку и на тоа колку често го имаме. Некои сакаат груб секс, некои сакаат полека, некои го сакаат наутро, а некои не го поднесуваат. Некои сакаат секс три пати на ден, а други два пати неделно. Важно е да знаете дека тоа нема никаква врска со тоа колку си се допаѓате еден на друг. Само затоа што си ги завршувате речениците еден на друг, не значи дека имате и идентично либидо.
Затоа, пред да преземете драстични мерки, пробајте некое од овие решенија.
Ставете го сексот во распоредот: Се чини необично, но ова е супер решение ако сте зафатени и под постојан стрес. Освен тоа, функционира и со парови кои не можат да го усоглат либидото. Запомнете, овој проблем ви е подеднакво тежок и на двајцата. Затоа, однесувајте се кон него како што би се однесувале кон себе и заеднички најдете го решението.
Редефинирајте го сексот: Што значи сексот за вас? Дали можеби е заедничка мастурбација? Може ли да биде задоволување само на едниот партнер? Можеби е страстно гушкање и бакнежи? Користење на секси играчки? Постојат многу активности што може да се наречат сексуални активности, но, тие во голема мера ќе помогнат да ги задоволите сите потреби без да му правите притисок на партнерот.
Размислете за околностите во кои најчесто имате секс: Понекогаш проблемот е во погрешниот тајминг. Постојат денови во неделата кога некој од вас е незаинтересиран. Ако барате секс на крајот од денот кога партнерот е уморен или под стрес, по излегување или после пиење алкохол, можно е да се најдете во ситуација на кои на едниот партнер воопшто не му е до секс за разлика од другиот. Затоа, ќе ви биде многу полесно ако комуницирате.
Компромиси: Ако сакате секс два пати неделно, а партнерот сака два пати месечно… Можеби компромисот е да имате секс еднаш неделно. Не е совршено, но е подобро од врска во која и двајцата сте несреќни. Важно е да се постават приоритетите. Сексот е важен, но дали е поважен од љубовта еден кон друг?
Ако и после сите овие совети работите не се како што треба: Слушајте ги своите инстинкти. Можеби проблемот е во различно либидо. Ако ваквата личност не е некој со кој би можеле да го поминете животот, најдобро е да свртите нов лист и секој да тргне на својата страна.Сигурно е дека сите сакаат секс, некои повеќе, а некои помалку. Но, што ако вашиот партнер сака повеќе секс? А што ако повеќе сакате вие? Дали тоа