За сите оние кои работат на бебе, еве неколку совети и природни работи што можат да го поттикнат процесот на зачнување.1-Престанете да пушите: Како прво, вие и вашиот партнер морате да престанете да пушите. Истражувањата покажаа дека мажите кои пушат имаат 17% послаба сперма во однос на непушачите. Пушењето не го смалува само бројот на сперматозоиди, туку и нивниот квалитет. И за жените е штетно, го продолжува времето на зачнување, но и ги зголемува шансите за целосна неплодност. Докажано е и дека пушачите за време на лечењето на неплодноста мора да земаат поголема доза на лекови од оние кои не пушат. И пасивното пушење е штетно за жените кои се обидуваат да забременат. Затоа, избегнувајте го чадот од цигари.
2-Намалете го стресот: Уште еден суштински фактор кој негативно влијае на плодноста е стресот. Многу истражувања покажаа дека методите за ослободување од стресот ја зголеммуваат плодноста. Многу жени полесно забремениле само затоа што научиле правилно да се опуштат. Иако неплодноста е многу стресна, обидете се времето во кое се обидувате да зачнете да го доживеете како радосно искуство за кое е потребно време. Научете се да се справувате со секојдневниот стрес.
3-Исхраната е многу важна: Многу парови имаат потешкотии со зачнувањето бидејќи не се хранат правилно. Истражувањата покажале дека 79% од неплодните парови не зема доволно антиоксиданти, па затоа јадете поеќе свежо овошје и зеленчук. За да го зголемат бројот на сперматозоидите, мажите треба да внесуваат повеќе витамин Ц и Е, како и цинк и фолна киселина.
4-Следете го менструалниот циклус: Така најлесно ќе ги пресметате плодните денови. Набавете календар во кој ќе ја бележите температурата. Кога таа е благо покачена, значи дека овулирате. Температурата е најдобро да се мери секое утро, пред да станете. Проверете кои денови ви се плодни!
5-Зголемен сон значи зголемена плодност: Многу жени кои патат од недостатокот на сонот имаат намалено ниво на хормонот лептин, кој во организмот има важна улога во плодноста. Обидете се да се наспиете бидејќи со тоа делумно ќе решите и други проблеми: Телото ќе биде поодморено, а ќе го намалите и нивото на стрес.1-Престанете да пушите: Како прво, вие и вашиот партнер морате да престанете да пушите. Истражувањата покажаа дека мажите кои пуша