Не ви се потребни научни истражувања за да знаете дека носењето на високи потпетици боли.Но, научниците сега откриле дека жените кои често ги носат добиваат артритис. Осум сантиметри, претставува големо оптеретување за вашите зголови, а да не зборуваме за повеќе…
Новата студија покажала дека одењето со високи потпетици од осум сантиметри доведува до промена на зглобовите кои се многу слични со промените кои доаѓаат сред стареењето. Ова откритие би можело да објасни зошто остероартритисот е дупло почест кај жените отколку кај мажите.
„Со оглед на тоа дека мажите и жените имаат слична биомеханика на колената кога одат боси најверојатно различниот избор на чевли влијае на големата застапеност на остеопорозата кај жените“- истакнуваат истражувачите од Калифорнија.
Најчест облик на артритис, остеоартритис се јавува во облик на силни болки во зглобовите, а научниците веруваат дека најважен фактор е генетиката. Но, ова ново откритие покажува дека и други фактори можат да играат значајна улога.
Стручњаците од Универзитетот Станфорд испитале 14 жени и гледале како нивните зголови се однесуваат кога носат чевли со различни потпетици од рамни до ниски.
„Што повеќе се повисоки штиклите, особено во комбинација со вишок килограми, може да се доведе до поголем ризик за добивање на остеопороза кај жените“- кажуваат тие.
Неодамна една студија покажала дека на жените им е потребен час и половина откако ќе ги облечат високите потпетици да почувствуваат болка во нозете.
Па, доколку досега никој не можел да ве убеди да ги симнете високите потпетици и да облечете патики , можеби ова што го прочитавте ќе провлијае на вас….Но, научниците сега откриле дека жените кои често ги носат добиваат артритис. Осум сантиметри, претставува големо оптеретување за вашите зголови, а



