Сакав само да го однесам детето на преглед на детска кардиологија, вели родителот кој синоќа беше физички нападнат од таканаречените шарени револуционери за време на протестите на опозицијата во центарот на Скопје. Тој додава дека не е ниту некој од ГДОМ, ниту пак уфрлен провокатор.Вандалите и хулиганите кои протестираат за потребите на СДСМ синоќа нападнаа родител кој само сакаше да го пренесе болното дете на лекар во закажаниот термин. Опозициските платеници почнаа да фрлаат со пластични шишиња кон автомобилот, сакајќи да се пресметаат со таткото и жената со болното дете кои се наоѓаа во автомобилот.
Додека таткото очајно го бранеше своето болно дете од насилниците на СДСМ кои физички го нападнаа и се обидуваше да се разбере со платениците, болното дете и мајката во автомобилот доживуваа траума и ги гледаа навредите, свиркањата и физичките напади врз таткото кој очајно сакаше да помине.
-Не сум ниту некој од ГДОМ, ниту пак уфрлен провокатор, туку само родител кој што брзаше на закажаниот преглед за моето дете. Се работи за преглед од доктор специјалист за детска кардиологија кој што доаѓа од Лондон, и морав да бидам на клиника точно во 18.30, вели родителот.
Со ваквото однесување, опозициските платеници само докажуваат до каде е стигнат очајот и лудилото во платеничките редови кои по секоја цена одработуваат за интересите на Зоран Заев и СДСМ.
Вандалите и хулиганите кои протестираат за потребите на СДСМ синоќа нападнаа родител кој само сакаше да го пренесе болното дете на лекар во закажан