Популарната пејачка Шакира последните недели се бори со тешки здравствени проблеми. Таа мислела дека по откажаниот концерт во германскиот град Келн, состојбата ќе и биде подобра, но сепак не и било, па морала да откаже и неколку наредни концерти.
Шакира за откажаните концерти се извинила на своите фанови.
-За време на пробите кои ги имав последниве денови, ги оштетив гласните жици. Докторот ми нареди да мирувам како не би направила уште поголема штета на својот главен алат за работа. Колку и да ми е тешко, знам дека треба да ги слушам лекарите-напишала пред неколку дена Шакира.
Оваа пејачка пред неколку недели се соочи со уште еден проблем. Имено медиумите пишуваа дека се разделила од Пике, но подоцна се испостави дека таа приказна не е вистинита.
Шакира за откажаните концерти се извинила на своите фанови.
-За време на пробите кои ги имав последниве денови, ги оштетив гласните жици. Д
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.