Салтане: Високиот бизнис пласман за Македонија е резултат на активното спроведување реформи

Валентина Салтане од тимот на Светската Банка кој го изработува извештајот за водење бизнис вели дека досега највисокото десетто место за Република Македонија е одлична вест за земјата и е резултат на активното спроведување реформи со кои им се олеснува на стопанствениците да инвестираат и работат. Во извештајот Дуинг Бизнис 2017 година, кој Светската Банка го објави вчера, Македонија се пласираше на 10. место, што претставува скок за 6 места или подобрување од 82 места во споредба со 2006 година.– Најновото издание на извештајот Дуинг бизнис носи одлични вести за Македонија бидејќи за првпат во историјата на извештајот Македонија се приклучи на првите десет топ реформатори за бизнис, што е големо постигнување. Ако погледнеме регионално, Македонија е најдобрата држава во регионот на Европа и средна Азија. Ова е постигнато со многу активно поттикнување реформи, што Македонија ги продолжува од година во година, изјави Салтане за Македонската телевизија.
На врвот на листата е рангиран Нов Зеланд, а зад него се Сингапур, Данска, Хонг Конг, Јужна Кореја, Норвешка, Британија, САД, Шведска и Македонија како десетта. На дното се земји кои најмалку ги почитуваат економските слободи, како Венецуела, Либија, Еритреја и Сомалија. Од регионот, Бугарија е 39-та, Хрватска е на 43. место, Србија 47-ма, Косово и Грција се 60. и 61., а Босна е 81.
Салтане вели дека Македонија особено се истакнува во отстранување на проблемите поврзани со бирократијата. – Мислам дека Македонија постигна одлични резултати на индикаторите кои го мерат надминувањето на бирократските пречки за бизнис, на пример во областа на почнување на бизнис глобалниот рејтинг на Македонија е на 4-то место од 190 држави во светот. Ако стопанственик ги има сите потребни документи, може да почне бизнис за само два дена, што е одлично постигнување. Следниот предизвик ќе биде да се продолжи со реформирањето и да се постигнат подобри резултати, и да се пренасочи фокусот на правните институции. Бидејќи е потребно подолго време да се реформираат судовите, министерствата, затоа е потребно можеби да се насочи повеќе фокус кон владините институции и судовите за да се обезбеди дека се е автоматски, дека е транспарентен процес и луѓето знаат кои се правилата и регулативите. Ова би бил следниот чекор што го гледаме како предизвик за државата, додава Салтане.– Најновото издание на извештајот Дуинг бизнис носи одлични вести за Македонија бидејќи за првпат во историјата на извештајот Македонија се п

Пронајдете не на следниве мрежи: