Средношколката Кјема Мекентаер од Њу Џерси, станала кралица на матурската вечер и апсолутен хит на интернет, благодарение на нејзиниот креативен и прекрасен фустан кој сама го дизајнирала и сошила.Кјема наесен ќе почне да студира на факултет за моден дизајн, а тоа дека го одбрала вистинскиот факултет, го докажала и нејзината креација за матурската вечер.
„Инспирација ми се разни луѓе и различните култури. Не допуштајте никој да ве дефинира. Убавите нешта се случуваат кога се гордеете со себе“, напишала младата Кјема на својот Инстаграм.
Кога била помала, Кјема ја задевале останатите деца, а таквите негативни сеќавања ја поттикнале на креативна работа.
„Ова е за сите оние кои ми велеа дека сум грда и лута. Фала му на Бога, стереотипите се само туѓи размислувања“, напишала мудрата средношколка.
Како што можеше да се очекува, Кјама беше прогласена за кралица на матурската вечер.Кјема наесен ќе почне да студира на факултет за моден дизајн, а тоа дека го одбрала вистинскиот факултет, го докажала и нејзината креација за матур