Лидерите на 27 земји од ЕУ ќе се состанат денеска во Братислава на неформален, но исклучително важен самит, на кој најмногу ќе се разговара за иднината на ЕУ без Обединетото Кралство.Првиот голем состанок на лидерите на ЕУ, без претставник на Велика Британија, ќе има две цели, пишува „Блумберг“ наведувајќи дека на европските влади прво им е потребен план за идните односи со Британците, а потоа и план за реформирање на Унијата.
Во двата случаи треба да се осигура дека на крај, заминувањето на Велика Британија, нема да го ослабне, туку дека ќе го зајакне европскиот проект.
Формалните преговори за Брегзит ќе започнат кон почетокот на следната година, а најважното прашање уште сега е познато – спорот меѓу британската желба за преференцијален пристап кон европскиот единствен пазар и инсистирањето на ЕУ таквиот пристап да подразбира слободно движење на работниците во Велика Британија.
Како што преходно најави, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, темата на разговор во Братислава нема да биде само Брегизтот, туку и „преземање на политичка контрола над заедничката иднина“.
Така, покрај останатото, во разговорите меѓу европските лидери ќе се најдат и решавањето на миграциската криза, зајакнување на безбедноста и соработката за одбраната во борбата против тероризмот.
Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, во годишниот говор, „За состојбата на Унијата“ пред ЕП во Стразбур, наведе дека ЕУ ја почитува и истовремено жали поради одлуката на Велика Британија, но дека Унијата како таква не е под знак прашање.
Европската унија се наоѓа во егзистенцијална криза, но нема да се распадне поради Брегзитот, нагласи Јункер и повика на поголема соединетост и солидарност.
– Следните два месеци ќе бидат одлучувачки, истакна Јункер.
Тој објасни дека сака Брегзитот „да се случи колку што е можно побрзо со цел да се преземат неопходните чекори за односите со Велика Британија, кои мора да останат на пријателска основа, да можат да добијат нов облик“.
– Европа не смее да остане безлична маса. Ние сакаме да градиме. Сакаме подобра Европа, нагласи Јункер.
Словачкиот премиер и домаќин на самитот Роберт Фицо изјави пред самитот дека состанокот би требало да одговори на прашањето каде е денеска ЕУ, но и да изнесе теми кои покажуваат дека проектот е вреден за борба.Првиот голем состанок на лидерите на ЕУ, без претставник на Велика Британија, ќе има две цели, пишува „Блумберг“ наведувајќи дека на ев