Денес, во просториите на Алкалоид АД Скопје се одржа прес-конференција по повод 6-тиот годишен САМИТ100 за Бизнис лидери од Југоисточна Европа, кој на 16 и 17 октомври се одржува во Скопје.На прес-конференцијата, Претседателот на УО на САМИТ100 и Генерален директор на Алкалоид, г-дин Живко Мукаетов и Програмскиот директор на САМИТ100 и Партнер во Алба Партнери, г-ѓа Јелена Радуловиќ најавија дека Скопје и Република Македонија преку уникатната регионална бизнис платформа САМИТ100 ќе бидат домаќини на повеќе од сто реномирани бизнис лидери и највисоки политички претставници од Југоисточна Европа кои во текот на двата дена ќе дискутираат за потенцијалите и можностите на регионот како целина.
Воведно обраќање на САМИТ100 ќе има г-дин Живко Мукаетов, кој на прес-конференцијата истакна дека она што го прави овој бизнис настан уникатен е тоа што отвора можности за вистинска поврзаност и искористување на заедничкиот потенцијал на земјите од нашиот регион:
„САМИТ100 е создаден како регионална иницијатива и токму затоа членови во нашиот Управен одбор се претставници на стопанството од целиот регион на Југоисточна Европа. Како претседател на Управниот одбор, но и како директор на компанија која работи регионално и меѓународно, свесен сум за силата и значењето на заедничкиот настап и поврзаноста на нашите земји. Имено, гледано во светски рамки нашите пазари се мали, но обединувајќи ги интересите и капацитетите во заеднички настап можеме да бидеме сериозно меѓународно конкурентни и истовремено да го свртиме вниманието на глобалниот бизнис кон инвестицискиот потенцијали на земјите од Западен Балкан, Хрватска и Словенија. Како домаќин на овогодинешниот САМИТ100, навистина ми е драго што енергијата е препознаена од голем број бизнис и политички лидери кои ги очекуваме во следните денови во Скопје“, изјави г-дин Живко Мукаетов.
Клучниот збор на овогодинешниот САМИТ100 во Скопје е ПОВРЗУВАЊЕ, поврзување во различни области и на различни нивоа. Еден од главните говорници е Еврокомесарката за транспорт Виолета Булц на која ќе ѝ се придружат реномирани бизнис лидери, претставници на водечките компании од регионот, како Хидрија, АСА Груп, Атлас Фондација, Атлантик Група, Горење, БМВ, Подравка, Филип Морис, ББИ, Убер, Бамби и многу други, но и претставници од меѓународни финансиски институции како Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), Европската инвестициона банка (ЕИБ), Светската банка и многу други претставници од бизнис секторот.
„Од година в година САМИТ100 напредува и секогаш додаваме по некоја нова димензија на нашата иницијатива. Во Скопје очекуваме дека ќе продолжиме да го надградуваме нашиот модел и САМИТ100 ќе стане уште посилна платформа со помош на добрата енергија во Скопје, но и дека дополнително ќе ги конкретизираме нашите идеи и по првпат во историјата на САМИТ100 ќе ги им ги претставиме на премиерите, со цел да направиме поширок фронт за унапредување на соработката во регионот“, изјави г-ѓа Јелена Радуловиќ, Програмски директор на САМИТ100.
Програмата на САМИТ100 е поделена во два дена. На денот на отворањето учесниците ќе имаат можност да дискутираат за важноста од поврзувањето на регионот, развојот на зелената мобилност како можност за брз раст, слободното движење на стоките и услугите и како локалните идеи можат да достигнат глобален успех, но и околу идеите и проектите за подобра координација и унапредување на соработката во рамки на нашиот регион и негово приближување кон Европската унија преку Берлинскиот процес, во чија цел е предвидено и потпишување на меморандум за соработка помеѓу САМИТ100 платформата и Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан 6, основан на неодамнешниот Самит во Трст.
Вториот ден, учесниците на САМИТ100 ќе бидат ангажирани во 5 креативни работилници посветени на енергетиката, економијата базирана на знаење, брендирање на производите од секторот храна и пијалаци, како и дигиталната економија и туризам. Во текот на денот предвиден е и политички панел на премиерите од регионот на кој ќе им бидат претставени заклучоците од креативните работилници а политичките лидери пред присутните ќе го дадат својот осврт на ‘‘Новиот договор за новото доба‘‘ во согласност со слоганот на САМИТ100.
Прелиминарната програма е објавена на интернет страницата на САМИТ100.На прес-конференцијата, Претседателот на УО на САМИТ100 и Генерален директор на Алкалоид, г-дин Живко Мукаетов и Програмскиот директор на