петок, 27 ноември 2026
Најново

Само ако им се гарантира победа СДСМ ќе излезат на предвремени избори

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

СДСМ на слободни демократски избори не сака да излегува, за нив прифатлива е само понудата ако им се гарантира победа.
 Ова во изјава за Курир го вели новинарката Мирка Велиновска, откако Социјалдемократскиот сојуз на Македонија одби да излезе на предвремени парламентарни и да се соочи со волјата на народот, што укажува на тоа дека опозицијата има страв од избори.
„Се ми се чини дека Владата има проблем да сфати дека СДСМ на слободни демокртаски избори не сака да излегува. Прифатлива за нив е само понудата ако им се гарантира победа. СДСМ постапува по правилата на Моамер ел Гадафи од 1978 година каде се бараат плурарни, слободни избори во обид да победи една партија која е малцинство во однос на сите останати. Штом на луѓето им треба странски интервенции, набљудувачи, тоа значи дека не ја прифаќаат слободно искажаната волја на граѓаните“, вели Велиновска.
Таа смета дека на нив што и да им се понуди, доколку не им се гарантира изборна победа постојано ќе наоѓаат изговори за избегнување на изборите.
КурирОва во изјава за Курир го вели новинарката Мирка Велиновска, откако Социјалдемократскиот сојуз на Македонија одби да излезе на предвремени парламен

Поврзани вести