Државната изборна комисија со 7 гласа „против“ и два гласа „за“ го одби првиот приговор на политичката партија БЕСА кој се однесува за избирачкото место 2333/1 во Арачиново, изборна единица два. Мнозинството членови на ДИК се согласија дека за приговорот на БЕСА нема докази кои го потврдуваат тврдењето на политичката партија за наводни изборни нерегуларности.
Неоснованите приговори на БЕСА се отфрлаат. Правните аргументи на кои се повикуваат седуммина од 9-те членови на ДИК се дека ниту членовите на избирачкиот одбор, ниту некој од набљудувачите регистрирал било какво нарушување на изборниот процес и не се знаведени никакви забелешки во записниците.
Со тоа излегува на виделина изборниот инженеринг кој СДСМ и БЕСА сакаат да го реализираат откако сценаристите извршиле пресметка каде би можеле да бидат испратени дополнителни контингенти албански гласови на контото на СДСМ и БЕСА за да се изигра волјата на мнозинството Македонци.
Единствено двајцата членови на СДСМ гласаат за незаконските приговори на БЕСА, со што отвораат простор за натамошно испитување на сомнежите дека истите ја злоупотребуваат службената положба и овластувањата кои ги имаат, дело кое согласно закон е казниво со над 5 години затвор.
Мнозинството членови на ДИК се согласија дека за приговорот на БЕСА нема докази кои го потврдуваат тврдењето на политичката партија за наводни избо