Само да ѕирнам на неговиот профил: Седум начини на кои Фејсбук може да ви ја уништи врската!

Само да ѕирнам на неговиот профил, сигурно ви звучи многу познато.Социјалните мрежи се создадени за забава и за лесно да ги спојуваат луѓето, но исто така можат и многу лесно да ги раздвојат. Сигурно секојдневно се среќавате со многу примери за тоа како  социјалните мрежи се идеален начин на денешницава за запознаете нови луѓе, да се поврзете со пријатели со кои веќе немате контакти. Многу луѓе се запознаваат преку Фејсбук и се вљубуваат, социјалните мрежи станаа дури и места каде се предлагаат бракови. Но исто  така секојдневно слушаме како некои врски дури и бракови се уништени токму поради социјалните мрежи. Тие сосема го губат нивното значење кога стануваат стимулатори на љубомора и сомнежи кои полека, но сигурно можат лесно да им наштетат на вашата врска или брак.
Затоа не дозволувајте Фејсбук да ви ја уништи врската, а еве неколку начини на кои би можел.
1. Провалување во неговиот профил без дозвола. Ако ова е ваша навика, искоренете ја веднаш! „Ѕиркањето“ во неговиот профил без дозвола е доказ дека не му верувате, а без доверба, секоја врска е осудена на пропаст. Заборавил да се одјави од Фејсбук? Потиснете ја љубопитноста во вас и не фрлајте поглед во неговиот приватен виртуелен простор, бидејќи голема е веројатноста дека ќе си навлечете непотребни мисли, грижи и проблеми.
2. Размена на лозинки – Кога вашата врска ќе стигне до тој степен да изгубите секаква доверба еден во друг, па да дојде и до размена на лозинки, знајте дека тоа не е начин да ги поправите работите кои ви тргнале надолу. Кажување на лозинките, заеднички профили и мејлови, не се знаци дека многу се сакате, туку напротив, дека не сте сигурни во себе и во својот партнер. И покрај тоа што сте во врска, заслужувате да си имате свој живот и надвор од врската.
3. Безначајни лајкови – Лајковите на Фејсбук направија една огромна еуфорија, за жал сè и сешто почна да се мери со лајкови и споделувања, но не заборавајте дека тоа не е мерка за вашата љубов. Ако вашиот партнер „лајкнал“ нешто, значи дека му се допаѓа тоа што е објавено, а не личноста која го објавила. Секој има право да го каже сопственото мислење, и да „лајкне“ нешто што му се допаѓа, не кревајте паники веднаш, со тоа само оставате впечаток дека сте незрела личност која посветува премногу внимание на споредни работи во животот. Но од друга страна, кога сте во врска, нема потреба да се „расфрлате“ со лајкови по други профили, особено ако станува збор за слики од згодни момци и девојки, па која е поентата на тоа?

 

4. Будно следење на профилот – Кај секој заљубен човек има доза на љубомора, и тоа до некаде е нормално, па дури и здраво за вашата врска. Социјалните мрежи несомнено се експерти за поттикнување на љубомората, па така луѓето се претвораат во будни стражари на профилите на своите партнери. Ја следат секоја акција, секој коментар, возвраќање на коментар и секое ново пријателство. Никој не сака љубоморен партнер, секој сака да има слобода и простор да дише.
 
5. Следење на разговори – Љубомората и опсесивноста не смеат да дојдат до ваков степен. Нема потреба да следите нечии разговори, исто како што и вие не би сакале некој да ве шпионира вас. Доколку го познавате добро партнерот со кој сте во врска, значи дека му верувате и го сакате, нема потреба да ги следите разговорите со нивните пријатели за да дознаете „нешто повеќе“, тоа само ќе ви доведе кавги и неслога, зашто кога-тогаш ќе се дознае.
6. „Средување“ на листата со пријатели на профилот на вашиот партнер – Нелогично е да  му забраните на вашиот партнер да комуницира со некого, тоа само ќе ги влоши работитеод тоа ништо добро не може да излезе. Напротив, кога на некого ќе му забраниш нешто и ќе му ја одземеш слободата, многу полесно можеш да го изгубиш. Ккоја е целта ако ја избришете згодната девојка од листата на негови пријатели? Зарем тие не можат да се видат во живо, ако тоа го сакаат? Ако партнерот е склон кон неверства, таков ќе биде секогаш и секаде, ништо не можете да решите или забраните преку Фејсбук.
7. Постирање песни и оставање коментари – Кавги во една врска, предизвикани поради Фејсбук, се и оние кога ќе се јави неслога поради постирање песни и оставање коментари. Однесувајте се зрело, па ако подолго време не ви постирал песна на ѕид ништо страшно тоа не значи дека вие повеќе не му значите ништо.
Која е таа девојката што стои до тебе? Зошто не ми врати на коментарот и кој е оној со кого си станала пријател?
Социјалните мрежи  сесамо виртуелен свет, многу ама многу различен од оној реалниот, и тие никако не смеат да станат мерило за вашата љубов. Социјалните мрежи треба да ги гледате само како места за забава, никогаш не дозволувајте да ви ја уништат врската.
Вашата љубов е најдобро да ја негувате далеку од очите на јавноста, бидејќи е еден интимен чин.Социјалните мрежи се создадени за забава и за лесно да ги спојуваат луѓето, но исто така можат и многу лесно да ги раздвојат. Сигурно секојдне

Пронајдете не на следниве мрежи: