Само еден ден на постење прави чуда за вашето здравје!

Зборот пост влева вистинска стравопочит кај луѓето кои не постат. Луѓето што не постеле се убедени дека човекот е кревок и дека изгледа премногу слабо за време на целосно или делумно воздржување од некоја храна. Луѓето кои што го имаат испробано постењето знаат дека работите се сосема поинакви, бидејќи постот дава енергија и полет.Иако слабеењето е една од последиците на постот, тоа не е примарна цел за да се започне истиот. Вистината е дека свесното одрекување од храната благотворно влијае врз организмот.
Еве кои се благодетите од постот:
Постот е еден вид на пауза во која телото се опоравува од преработката на нови хранливи супстанци.
Постот претставува внатрешно чистење од токсините кои што се наталожуваат од недоволно сварената храна. Отровите од сврзните ткива се испираат преку бубрезите, а потоа се излачуваат надвор од организмот.

 
Постот претставува одлична терапија за лечење на заболувања кои можат да се јават како последица од нездравата исхрана: дебелеење, дијабетис, акни, алергии…
Постот е лек за убавина. Со зголемената циркулација кожата станува сјајна и розикава.
Постот ја прочистува душата. На површина излегуваат потиснатите мисли и чувства, кои можат да бидат со пријатен и непријатен карактер. Со оглед на тоа дека проблемите конечно излегуваат на виделина, ова е периодот кога имаме прилика појасно да увидуваме некои ситуации и побрзо да го наоѓаме решението за нив.
Постот е пат кон духовното просветлување. Некои од најинспиративните поетски и филозофски дела се настанати за време на пост.

 
Постот ја зголемува кондицијата. Доколку на телото му се даде шанса да се одмори од тромавоста која е предизвикана од тешката храна, тогаш тоа ќе ја ослободи внатрешната сила која што ја црпи од наталожените резерви. Оваа енергија е поефикасна од онаа која што се добива директно од храната. Затоа, не би требало да се одрекувате од спортот или од некои други активности за време на постењето. За време на еден ваков период, движењето и физичката активност се повеќе од добредојдени. Ќе останете без сила за време на постот само ако сте мрзеливи и ако го поминувате своето време приковани за каучот или креветот.
Дали е исплатливо да се пости само еден ден?
Организмот барем за тој ден ќе биде ослободен од преработка на храна. Притоа се губи околу 0,5 килограми тежина, но не на маснотии, туку воглавно на вода. А она што е најбитно е дека телото се прочистува од токсини.
Иако слабеењето е една од последиците на постот, тоа не е примарна цел за да се започне истиот. Вистината е дека свесното одрекување од храната бла

Пронајдете не на следниве мрежи: