Само една активност е потребна за среќна врска

Заедничкото готвење или гледање телевизија ви делува досадно и клише, но всушност само една работа може да го спаси вашиот брак или врска. Тајната на долгата и среќна љубовна врска се крие во способноста парот да се досадува заедно, тврди Марк Мансон, автор на книгата “The Subtle Art of Not Giving F**k”.”Најискрено верувам дека на еден пар треба да му биде што подосаднo. Можеби тоа звучи многу чудно, но доколку ги погледнете навистина среќни стари парови кои се заедно 60 години, тоа не е така бидејќи летале со приватен авион или патувале на неверојатни дестинации. Тие се заедно бидејќи биле способни да се досадуваат заедно”, вели Мансон. 
Ако таквите парови биле способни да поминат години и години заедно, седејќи дома, разговарајќи за исти досадни работи и гледајќи телевизија-тоа е навистина во ред.
“Важно е да ме сфатат луѓето што сакам да кажам, посебно денес кога многу луѓе не сакаат да се досадуваат. Сите сакаме интересен живот. Но, тоа во повеќето случаеви не е добро за романтична врска”, кажува Мансон за Индепендент.
 “Најискрено верувам дека на еден пар треба да му биде што подосаднo. Можеби тоа звучи многу чудно, но доколку ги погледнете навистина среќни

Пронајдете не на следниве мрежи: