Џенифер Кис-Енгеле од Канада, напишала отворено писмо до родителите коишто организирале роденден за синот и ги повикале сите негови училишни другари, освен нејзиниот син кој има Даунов синдром.Откако ја дознала веста, Џенифер не сакала да дозволи некој да го исклучува нејзиниот син само поради тоа што има Даунов синдром и преку отворено писмо на Фејсбук им одржала лекција на безобразните родители.
„Здраво,
Јас и ти не се знаеме добро, но мојот син Соер и твоето дете учат во истиот клас. Разбрав дека твоето дете, неодамна доставило роденденски покани до целиот клас освен до Соер, кој не е поканет. Исто така, знам дека тоа не е случајна грешка, туку намерно сте одлучиле да не го поканите мојот син. Сакам да ви дадам до знаење дека не очекувам да биде поканет на роденденската забава.
Всушност, кога Соер го славеше неговиот роденден минатата година, само најблиските пријатели дојдоа, бидејќи сакавме едноставна прослава, а и затоа што беше за време на божиќните празници. Но, во вашиот случај, тоа што мојот син не е поканет, не е од истата причина. Всушност, сте ги поканиле сите останати 22 деца, освен Соер. Знам дека причината не е во тоа што Соер е злобен, нема посреќно дете од него. Не затоа што не знае да се забавува, бидејќи има одлична смисла за хумор и заразна насмевка.
Знам дека не е затоа што твоето дете и Соер не се согласуваат, бидејќи неколкупати го има спомнато твојот син како некој со кој се дружел. Единствената причина поради која вие одлучивте дека е сосема во ред на не го поканите мојот син е затоа што има Даунов синдром. Жал мие ако не сте информирани, можеби исплашени или не сте сигурни за тоа што значи некој да има Даунов синдром. Знам дека ако знаевте повеќе за тоа што значи да се има Даунов синдром, немаше да донесете ваква одлука.
Не ви се лутам. Напротив, мислам дека ова е можност подобро да го запознаете мојот син. Да имате Даунов синдром не значи дека не сакате да имате пријатели. Не значи дека немате чувства. Не значи дека не сакате роденденски забави.
Луѓето со Даунов синдром ги сакаат истите работи кои ги сакате и вие. Сакаат блиски пријателства, сакаат да почувствуваат љубов, сакаат да водат исполнет живот и сакаат да одат на роденденски забави. Можеби понекогаш е потешко да го разберете моето дете. Но, на љубовта и на смеата не им е потребен превод. Сакам да ви дадам до знаење дека и јас бев како вас. Бев исплашена, несигурна и неинформирана за Дауновиот синдром пред да го добијам син ми. Бев загрижена дека другите мои деца нема да можат да се поврзат со него, но грешев.
Всушност, моите деца се далеку поблиски од било кои други браќа и сестри кои ги знам. Тоа што имаат брат со Даунов синдром им помогна да пораснат во внимателни и грижливи индивидуи кои знаат дека само затоа што некој е малку поразличен е сосема во ред. Не се плашат да помогнат на некој кога ќе забележат дека има тешкотии. Не се плашат да пријдат на некој кој можеби целосно нема да го разберат. А, за возврат, добиваат многу љубов и радост од нивниот брат кој е и нивни најдобар пријател. Можеби сте се труделе да најдете зборови како да се објасните со синот, бидејќи не сакал да го покани син ми на неговата роденденска забава….
Можеби сте му дозволиле на синот да заклучи дека е во ред да изостави некого. Знам дека е тешко да ги учиме на нешто децата, кога и самите ние не сме добро запознаени. Но, ова е одлична можност и лекција за вашето дете. Секогаш ќе го памети моментот кога родителот ми рекол дека е во ред да изостави некого само заради тешкотиите, пречките, полот или расата. Знам дека ги посакувате истите работи за вашето дете, како што јас ги посакувам за моето дете. Како родители, сакаме нашите деца да бидат сакани, да имаат пријатели и да не бидат игнорирани.
А, тоа можеме да го постигнеме само ако бидеме ние пример кој ќе ги охрабрува да носат одлуки кои на оваа возраст можеби целосно не ги разбираат. Но, еден ден ќе се вратат назад во сеќавањата со разбирање и знаење кое вие сте го споделиле со нив. Сигурна сум дека со малку охрабрување, вашето дете може да развие вистинско пријателство со мојот син и да добие траен позитивен впечаток. Само откако се случи ова сфатив дека Соер не беше поканет на речиси сите роденденски забави изминатава година.
Нашите деца сега се на возраст кога често канат само неколку блиски пријатели, а Соер не се најде на нечија листа. Другите родители кои имаат дете со Даунов синдром, пред почетокот на годината, го информираат класот за тоа што значи некој да има Даунов синдром, а јас не го направив тоа. Јас отсекогаш сум гледала на Соер како нормално дете и не сум почувствувала потреба да зборувам за Дауновиот синдром, сè досега. Сега сфатив дека го разочарав. Дозволив една година да помине така, без да им дадам до знаење на другите семејства, што значи некој да има Даунов синдром.
Можеби така немаше да се случи ова. Сфаќам дека е моја одговорност како на родител со дете со Даунов синдром, да ги образувам и информирам останатите луѓе за да сфатат што точно значи тоа и дека овие деца не се многу поразлични од останатите. Знајте дека сум секогаш тука да зборуваме, ако сакате. Можеби сум заштитнички настроена кон моето дете, но не плашам.
Сфаќам дека сите правиме грешки и на крајот од денот, мислам дека и двете можевме многу подобро да се однесуваме.
Благодарам,
Џенифер (мајката на Соер)“
Откако ја дознала веста, Џенифер не сакала да дозволи некој да го исклучува нејзиниот син само поради тоа што има Даунов синдром и преку отворено п