Само несигурните луѓе сами бараат аплауз за она што го сработиле или не го сработиле, вели поранешниот обвинител Сотир Костов во емисијата Клик плус на ТВ 21Имавме прилика да видиме како една специјална јавна обвинителка после година ипол работа поднесувајќи во еден ден 18 обвиненија, направи еден импакт во правниот систем. Тоа за мене е еден обид за вонредна состојба и веќе се случува тоа. Никој веќе не зборува за работата на СЈО, туку за судот, вели Костов.
-Година и половина ти да поднесеш само две до три обвиненија и во претпоследниот ден кога ти истекува рокот за поднесување, да поднесенш толку обвиненија со образложение дека цитирам „можеби немавме доволно време да ги собереме сите докази и да ги истражиме до крај случаите, но ние ги поднесуваме обвиненијата и јас и мојот тим сме длабоко убедени дека во судот на главните расправи ќе успееме да докажеме дека обвинетите ги сториле кривичните дела за кои се обвинети“, тоа е од старт признавање дека не обезбедува доволен квантум за да ги поткрепи обвиненијата за судот да си ја тера работата. Таа ни кажува дека не ја завршила работата, додава Костов.
Тој посочува дека од работата на СЈО се видело дека таргет е една политичка партија, нејзиното раководтсво, членовите, поддржувачите.Имавме прилика да видиме како една специјална јавна обвинителка после година ипол работа поднесувајќи во еден ден 18 обвиненија, направи еден импак