Само тоа го сакал: Момче родено без подлактица добило рака за Божиќ

Чарли Иган (5) од Сафок е роден без десната подлактица. Овој Божиќ тој добил нова протетичка рака која е дизајнирана специјално за него во боите на неговиот омилен суерхерој Спајдерман. Неговите родители, кои му ја направиле раката, велат дека тој никогаш не бил посреќен.Бидејќи е роден без десната подлактица, Чарли Иган секогаш се чувствувал поинаков од другите деца. За Божиќ се мачел дури и додека ги отварал подароците, но сега конечно немал проблеми со тоа.
Тој е прво дете од Велика Британија кое носи рака направена со помош на 3Д принтер. Раката е дизајнирана специјално за него, па е црвено плава поради тоа што негов најомилен суперхерој е Спајдермен.
Раката пристигнала за Божиќ и ја зголемила божиќната еуфорија. За прв пат тој и помогнал на мајка му да ја украси елката, а исто така станал популарен помеѓу врсниците.
„Претходно можеше да се носи со грдите коментари на луѓето кои го испрашува што му се случило со раката, додека други само непристојно гледаа во него. Сега не го прашуваат што се случило туку му велат: ууу, па ти имаш рака на спајдермен“. Чарли е воодушевен со тоа. Не може да престане да се смее“, вели таа.

Пени и нејзиниот сопруг Дејвид се инженери и двајцата волонтираат во дизајнирање и произвотство на простетици кои се главно наменети за децата. Тие ја направиле и раката за својот син.
„Кога се роди без подлактица, бевме шокирани. Се уште не ни е кажано зошто е тоа така“, вели Пени.
Чарли на 6 месеци добил протетичка рака да му помогне додека учи да ползи, но тој подобро се снаоѓал без неа.
„Совршено се снаоѓаше без протетичка рака додека беше бебе. Научи да ползи и да оди исто како и сите други деца. Добро функционираше и со десната рака, сам јадеше и се качуваше секаде“, вели таа.
Сепак, пред два месеци одлучиле да изработат за него рака. И не погрешиле – никогаш не го виделе посреќен.
„Сега има нова рака, Чарли се чувствува добро во друштво на другите деца, послободен е и весел“, вели неговата мајка.Бидејќи е роден без десната подлактица, Чарли Иган секогаш се чувствувал поинаков од другите деца. За Божиќ се мачел дури и додека ги отварал подар

Пронајдете не на следниве мрежи: