Само во Македонија има дилеми за резултатите од изборите

Тие што ја сле­дат европ­ска­та по­ли­тич­ка сце­на вни­ма­тел­но и тие што ги зна­ат автен­тич­ни­те дип­ло­мат­ски ме­ха­низ­ми пре­ку кои „стара­та Евро­па“ ги ка­на­ли­зи­ра сво­и­те ин­те­ре­си и го на­мет­ну­ва сво­е­то вли­ја­ние во раз­лич­ни европ­ски ре­ги­о­ни или др­жа­ви, зна­ат де­ка Ав­стри­ја е та­ка­на­ре­чен „про­кси“ или ин­ди­ре­ктен прет­став­ник на ЕУ во ре­ги­о­нот, кој не е фор­мал­но наз­на­чен.Са­мо по­ли­тич­ки ди­ле­тан­ти мо­жат да твр­дат де­ка до­а­ѓа­ње­то и под­др­шка­та на Курц на ми­тин­гот на ВМРО-ДПМНЕ е са­мо не­го­ва лич­на жел­ба и на­ме­ра и де­ка најм­ла­ди­от европ­ски ми­ни­стер за над­во­реш­ни ра­бо­ти при­стиг­нал во Скоп­је без изим од го­ле­ми­те игра­чи во ЕУ. Зар не­кој мо­же да по­мис­ли де­ка Курц, кој ста­на шеф на дип­ло­ма­ти­ја­та на 27 го­ди­ни, а се­га има 30 го­ди­ни, са­ка ка­ри­е­ра­та да му трае са­мо еден ман­дат, што си­гур­но ќе се слу­чи до­кол­ку тој оди про­тив оста­на­ти­те европ­ски ли­де­ри и во Ма­ке­до­ни­ја дој­де за­тоа што на не­го­ви­от ко­ле­га Ни­ко­ла По­по­ски му е по­треб­на се­стрин­ска по­мош во рам­ки­те на европ­ска­та дес­ни­ца. Ка­кви скри­е­ни по­ра­ки ни до­не­се Курц, кој во Скоп­је дој­де со здрав­стве­ни проб­ле­ми (ви­со­ка тем­пе­ра­ту­ра и ма­ла­кса­ност), освен јас­на­та под­др­шка за ВМРО-ДПМНЕ иска­жа­на јав­но од сце­на­та на пар­ти­ски­от ми­тинг.
Пр­во, по­ра­ка­та де­ка на Европ­ска­та уни­ја и на Ав­стри­ја им е по­треб­на ста­бил­на Ма­ке­до­ни­ја со функ­ци­о­нал­ни си­сте­ми за вна­треш­на и гра­нич­на без­бед­ност и де­ка тоа во мо­мен­тов мо­же да се га­ран­ти­ра са­мо ако ВМРО-ДПМНЕ оста­не на власт.
Вто­ра­та по­ра­ка е де­ка ма­ке­дон­ска­та по­ли­тич­ка кри­за, кол­ку и да е те­шка и мач­на гле­да­но од ма­ке­дон­ски ас­пект, се­пак во рам­ки на Европ­ска­та уни­ја е ми­нор­на и то­тал­но не­важ­на ако се зе­мат пред­вид оста­на­ти­те проб­ле­ми што ја ма­чат ЕУ, ка­ко за­ми­ну­ва­ње­то на Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја, из­бо­рот на Трамп за пре­тсе­да­тел на САД и, пред сѐ, ла­тент­на­та бе­гал­ска кри­за, во тие рам­ки и про­це­сот на ис­ла­ми­за­ци­ја на За­па­дот и следс­тве­но на тоа сѐ по­го­ле­ма­та по­пу­лар­ност на ек­стрем­на­та дес­ни­ца. Курц на ма­ке­дон­ска­та јав­ност ѝ по­ра­ча де­ка Ма­ке­до­ни­ја тре­ба да го по­чи­ту­ва гла­сот на на­ро­дот, тре­ба да ги по­чи­ту­ва де­мо­крат­ски­те стан­дар­ди, да ги по­чи­ту­ва чо­ве­ко­ви­те пра­ва, но, пред сѐ, да ги по­чи­ту­ва европ­ски­те ин­те­ре­си, а тие во мо­мен­тов се Ма­ке­до­ни­ја без се­ри­оз­ни по­тре­си. Мо­же­би нај­важ­на­та по­ра­ка што ни ја ис­пра­ти­ја ше­фот на ав­стри­ска­та дип­ло­ма­ти­ја и не­го­ви­те европ­ски мен­то­ри е де­ка има­ат јас­на прет­ста­ва за тоа кој ќе по­бе­ди на из­бо­ри­те на 11 де­кем­ври. Ни­кој не тре­ба да се сом­не­ва де­ка член­ки­те на ЕУ ги не­ма­ат ре­зул­та­ти­те од ан­ке­ти­те , па ду­ри и де­ка не­кои од нив са­ми­те на­ра­ча­ле не­при­страс­на и об­је­ктив­на ан­ке­та. Со па­ри­те што ги да­ва­ат во нев­ла­ди­ни­от се­ктор, спро­ве­ду­ва­ње на ед­на про­фе­си­о­нал­на ан­ке­та не е ни­ка­ков проб­лем, ни­ту е проб­лем да се сфа­ти ка­де оди рас­по­ло­же­ни­е­то на гра­ѓа­ни­те. Ни­ту Курц ни­ту кој би­ло се­ри­о­зен европ­ски по­ли­ти­чар не би си доз­во­лил да се ка­чи на сце­на на ми­тинг на не­ко­ја се­стрин­ска или брат­ска пар­ти­ја ако е све­сен де­ка таа пар­ти­ја ќе ги за­гу­би из­бо­ри­те. Тоа, свес­но или пот­свес­но, го зна­ат и во ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја и за­тоа вед­наш поч­наа при­каз­ни­те за „не­до­вет­но­ста, ко­руп­тив­но­ста и бал­кан­ски­те ма­ни­ри“ на ав­стри­ски­от дип­ло­мат. Слич­на хај­ка ви­дов­ме и со ав­стри­ски­от ко­ме­сар за про­ши­ру­ва­ње во ЕК, Јо­ха­нес Хан, кој бе­ше до­бар сѐ до­де­ка ја на­па­ѓа­ше Вла­да­та, а штом се оби­де да би­де не­у­тра­лен во ин­те­рес на по­бр­зо пот­пи­шу­ва­ње на До­го­во­рот од Пр­жи­но ста­на „европ­ски пре­дав­ник“ и „ко­рум­пи­ран вмро­вец во ав­стри­ска ко­жа“. ЕУ са­ка про­ве­ре­ни парт­не­ри, Курц и не­го­ви­те европ­ски мен­то­ри зна­ат де­ка во Ма­ке­до­ни­ја и во на­ред­ни­те не­кол­ку го­ди­ни ќе вла­дее ВМРО-ДПМНЕ и де­ка и ЕУ и неј­зи­ни­те член­ки ќе мо­ра да со­ра­бо­ту­ва­ат со ад­ми­ни­стра­ци­ја­та на Гру­ев­ски и за­тоа без ни­ка­кви ди­ле­ми се по­ја­ви­ја во Скоп­је. За раз­ли­ка од прет­ход­но ко­га Ма­ке­до­ни­ја бе­ше пос­лед­на­та дуп­ка на шу­пел­ка­та, се­га ЕУ има ди­ре­ктен ин­те­рес од ста­бил­но­ста во Ма­ке­до­ни­ја и не­ма да доз­во­ли ка­ква би­ло слу­чај­ност да ги на­ру­ши од­но­си­те со зем­ја­та ко­ја е на пр­ва­та ли­ни­ја на „бе­гал­ски­от фронт“ кој сѐ по­ве­ќе по­пу­шта на тур­ско тло, од ка­де што до­а­ѓа­ат нај­а­ви за не­го­во це­лос­но раз­не­би­ту­ва­ње и по­че­ток на нов ег­зо­дус на ми­ли­о­ни лу­ѓе кон Евро­па. Со Гр­ци­ја ка­ко пр­ва преч­ка на тој ег­зо­дус, Ма­ке­до­ни­ја ста­ну­ва ви­стин­ска при­род­на гра­ни­ца не са­мо на ЕУ, ту­ку и на це­ли­от кон­ти­нент по­ра­ди што ни­ту Ви­е­на, ни­ту Бри­сел, ни­ту Бер­лин и Па­риз не­ма да ри­зи­ку­ва­ат со под­др­шка на кон­фуз­ни, сла­би и не­про­ве­ре­ни по­ли­тич­ки си­ли од кои не зна­е­ме што точ­но мо­же да се оче­ку­ва. Не­што слич­но ка­ко што раз­мис­лу­ва и обич­ни­от ма­ке­дон­ски гра­ѓа­нин. Во отсус­тво на про­ве­ре­ни ин­фор­ма­ции за кон­та­кти­те што ги на­пра­вил Курц со сво­и­те ко­ле­ги во ЕУ, мо­же­ме да по­тсе­ти­ме де­ка пос­лед­на­та кон­фе­рен­ци­ја за Бал­ка­нот што ја ини­ци­ра­ше гер­ман­ска­та кан­це­лар­ка Ан­ге­ла Мер­кел во 2014 го­ди­на овој август се одр­жа во Ви­е­на, а слу­чај­но или не во исти­от град е сме­стен и гер­ман­ски­от спе­ци­ја­лен пра­те­ник за Ма­ке­до­ни­ја, Јо­ха­нес Хајндл, ина­ку гер­ман­ски ам­ба­са­дор во Ав­стри­ја. Во овој кон­текст мо­же да се по­тсе­ти­ме и на со­стој­ба­та при за­тво­ра­ње­то на гра­ни­ца­та од стра­на на Ма­ке­до­ни­ја пет де­на пред три важ­ни по­кра­ин­ски из­бо­ри во Гер­ма­ни­ја. До­де­ка Ав­стри­ја јав­но ѝ се заб­ла­го­да­ри на Ма­ке­до­ни­ја, Гер­ма­ни­ја мол­че­ше и вре­ска­ше од сре­ќа во се­бе за по­те­гот на ма­ке­дон­ски­те вла­сти пред­во­де­ни од ВМРО-ДПМНЕ. Отво­ре­но за бла­го­дар­но­ста кон Ма­ке­до­ни­ја про­го­во­ри­ја по­ло­ви­на го­ди­на по­доц­на за вре­ме на по­се­та­та на ли­де­рот на ВМРО-ДПМНЕ на Бер­лин.
Странци, анкети и постизборни комбинации
Стран­ци­те точ­но зна­ат де­ка СДСМ ни на сон не мо­же да дој­де во по­зи­ци­ја да фор­ми­ра вла­да освен ако ДУИ и ДПА до­би­јат на­лог и од­би­јат да ко­а­ли­ци­ра­ат со ВМРО-ДПМНЕ. Но, во тој слу­чај и на стран­ци­те и на си­те дру­ги им е јас­но де­ка Ма­ке­до­ни­ја ќе вле­зе во це­лос­на не­ста­бил­ност, де­лум­но по­ра­ди лу­ти­на­та на ДУИ, ко­ја е бес­на на СДСМ за еми­ту­ва­ни­те раз­го­во­ри по­ра­ди кои Али Ах­ме­ти за­гу­би огро­мен број под­др­жу­ва­чи, но и по­ра­ди раз­но­вид­но­ста на ед­на та­ква ко­а­ли­ци­ја ко­ја не­ма да мо­же да го­во­ри во еден глас, ко­ја мо­же да би­де ха­о­тич­на во вна­треш­на­та и во над­во­реш­на­та ко­ор­ди­на­ци­ја, но и по­ра­ди сил­на­та опо­зи­ци­ја ко­ја со си­гур­ност не­ма да доз­во­ли ме­ну­ва­ње на име­то и на иден­ти­те­тот, во­ве­ду­ва­ње дво­ја­зич­ност или ка­ков би­ло об­лик на фе­де­ра­ли­за­ци­ја, па ма­кар таа би­ла вир­ту­ел­на. Ако во мо­мен­тов ан­ке­ти­те ве­лат де­ка раз­ли­ка­та ме­ѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е ме­ѓу 100 и 150 ил­ја­ди гла­са, а стран­ци­те ги има­ат тие број­ки, јас­но е де­ка фор­ми­ра­ње­то вла­де­јач­ка ко­а­ли­ци­ја ќе би­де кр­пен про­ект без ни­ка­кви сврз­ни тки­ва и без ре­а­лен ле­ги­ти­ми­тет да ја во­ди др­жа­ва­та. Спо­ред си­те што ја сле­дат Ма­ке­до­ни­ја, ре­чи­си е из­вес­но де­ка тоа ќе пре­диз­ви­ка ко­лапс во мно­гу де­ло­ви на си­сте­мот, од кои стран­ци­те се најм­но­гу за­ин­те­ре­си­ра­ни за кон­тро­ла на гра­ни­ца­та и про­дол­жу­ва­ње на ре­фор­ми­те. Ток­му за­тоа на­сти­на­ти­от Курц при­стиг­на во Скоп­је и ги шо­ки­ра­ше опо­зи­ци­ски­те ли­де­ри кои во па­ни­ка го прог­ла­си­ја за „про­да­ден“ и со тоа си нав­ле­коа но­ви не­при­ја­те­ли во ЕУ. Зо­што СДСМ не мо­же да до­бие под­др­шка од над­вор? СДСМ не мо­же да оче­ку­ва под­др­шка од по­го­лем број европ­ски вли­ја­тел­ни цен­три на моќ и ќе про­дол­жи да се шо­ки­ра од под­др­шка­та за ВМРО-ДПМНЕ сѐ до­де­ка од те­мел не ги про­ме­ни сво­ја­та по­ли­ти­ка и ре­то­ри­ка и не поч­не да би­де по­сто­ја­на во те­зи­те. Ед­на од кон­крет­ни­те при­чи­ни за не­до­би­ва­ње отво­ре­на под­др­шка се­га е и чеп­ка­ње­то во Уста­вот и отво­ра­ње на Пан­до­ри­на­та ку­ти­ја во ко­ја Ма­ке­до­ни­ја ги крие сво­и­те ата­виз­ми од ми­на­то­то. Зар За­ев по­мис­лу­ва де­ка стран­ци­те се среќ­ни што тој пре­ку те­ле­ви­зи­ја­та „21“ нај­а­ви ме­ну­ва­ње на Уста­вот во гра­ѓан­ски, од­нос­но за уки­ну­ва­ње на на­ци­о­нал­ни­те атри­бу­ти на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Тоа што по­доц­на на ми­тинг ка­жа де­ка не­ма да доз­во­ли ни­кој да го ме­ну­ва Уста­вот, и за нас и за стран­ци­те изг­ле­да ка­ко нес­твар­но, ка­ко збо­ро­ви на чо­век со син­дром на по­де­ле­на лич­ност кој за се­дум де­на ка­жу­ва це­лос­но спро­тив­ни ра­бо­ти, а тој чо­век е пре­тен­дент за пре­ми­ер­ско­то ме­сто. Да не се ла­же­ме де­ка стран­ци­те се за­гри­же­ни за ма­ке­дон­ски­от иден­ти­тет и на­ци­ја и за­тоа пре­ку Курц и дру­ги­те свои еми­са­ри го под­др­жаа ВМРО-ДПМНЕ, тоа го по­ка­жаа во слу­ча­јот со Гр­ци­ја, ту­ку се за­гри­же­ни де­ка иде­и­те на Зо­ран За­ев, ду­ри сфа­те­ни и бе­ниг­но ка­ко пре­диз­бо­рен мар­ке­тинг, мо­жат да отво­рат но­ви ка­та­стро­фал­ни про­це­си од кои со по­мош на ЕУ и на САД се спа­сив­ме од мно­гу по­кр­ва­ва вој­на во 2001 го­ди­на. Ток­му се­га, на пра­гот на нај­го­ле­ми­от еми­гра­ци­ски бран во мо­дер­но­то вре­ме, по­го­лем од лан­ски­от кој бе­ше по­го­лем од ми­гра­ци­и­те во Вто­ра­та свет­ска вој­на.
Горан Момироски за „Република“Са­мо по­ли­тич­ки ди­ле­тан­ти мо­жат да твр­дат де­ка до­а­ѓа­ње­то и под­др­шка&

Пронајдете не на следниве мрежи: