До вчера била со највисоки признанија и достигнувања, а веќе од денеска е без работа.
Самохраната мајка Катерина Матиќ која 5 години работела како државен советник во Агенцијата за храна и ветеринарство, вчера добила отказ со банален изговор, без никаква претходна најава или опомена.
-Сакам целата македонска јавност да го чуе начинот на кој што планира Зоран Заев да владее заедно со своите партиски директори, вклучувајќи го и Зоран Атанасов, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство. Еве го вистинскиот доказ како владее СДС. Всушност тоа е отказ, бркање од работа на една самохрана мајка. Мојата ќерка пред неполни три месеци го загуби својот татко, а сега СДС изигрувајќи си Бог, ја избрка од работа и ја остави без егзистенција самохраната мајка, која што упорно се бори за егзистенција на своето дете, истакна Матиќ.
Директорот на АХВ, изгубената електронска картичка за евиденција на работно време, ја навел како причина за отказот на оваа самохрана мајка. Според неа, тоа не е вистинската причина. Вели дека добила политички отказ.
-Зоран Атанасов под изговор дека отказот е даден заради изгубена електронска картичка за евиденција на работно време, можете да замислите колку банален изговор за отказ, без претходна опомена, најава или поведување на било каква дисциплинска постапка, веднаш доделува отказ на една самохрана мајка. Но, тоа не е вистинската причина. Вистинската причина е бидејќи оваа самохрана мајка им застана на патот на Зоран Атанасов и неговата криминална СДС банда кои што сакаа да ги применуваат своите партиски задачи и нарачки во Агенцијата за храна и ветеринарство. Ете на таков начин владее СДС и својата моќ и сила ја демонстрира и покажува врз една незаштитена самохрана мајка, со политички отказ, додаде Матиќ.До вчера била со највисоки признанија и достигнувања, а веќе од денеска е без работа.
Самохраната мајка Катерина Матиќ која 5 години работе