Самохраната мајка која доби политички отказ: ЕУ да провери со колку пари е оштетена делегацијата за сметка на партизација на институциите и грубо кршење на човековите права

Самохраната мајка Катарина Матиќ, која и покрај највисоките признанија и достигнувања беше отпуштена од своето работно место во Агенцијата за храна и ветеринарство, вели дека отказот го добила затоа што застанала против лошата работа на новиот директор Зоран Атанасов.Таа ја продолжува својата битка за правда, таа побара од ЕУ да излезе со став за заштита на сите професионални административци. Покрај тоа побара од Унијата пресметка и извештај за секој избркан административец.
-Барам лично од делегацијата на ЕУ да излезе со став за заштита на сите професионални административци, меѓу кои самохрани мајки и родители, кои се неосновано и незаконски отпуштени од работа. Барам и инсистирам од делегацијата на ЕУ, да побара пресметка и извештај од власта за секој избркан професионален административец, колку европски пари се потрошени за нивно усовршување и професионализација. Односно со колку пари е оштетена европската делегација за сметка на партизација на институциите и грубо кршење на човековите права, изјави Матиќ.
Таа пред три дена поднесе жалба до Агенцијата за администрација за нејзиното отказно решение кое што е неосновано и незаконски донесено за престанок на нејзиниот работен однос.
-Се надевам дека Агенцијата за администрација во законски предвидениот рок ќе донесе одлука за одбивање на незаконското донесено решение за моето работно место бидејќи има многу докази кои ќе го докажат моето присуство на работа, иако во образложението се наведува дека електронски не сум се евидентирала, вели Матиќ.
Таа потенцираше и дека самиот директор е свесен и знае дека во тој период се правеа припреми за регионалната конференција на европската агенција за безбедност на храна која што се одржа на 12/13 јули во Македонија.
-Главен и одговорен кој што ја подготвуваше таа конференција бев јас и се надевам дека Агенцијата за администрација ќе ги штити правата на административците, порача Матиќ.Таа ја продолжува својата битка за правда, таа побара од ЕУ да излезе со став за заштита на сите професионални административци. Покрај тоа побара о

Пронајдете не на следниве мрежи: