Најмалку 16 лица, од кои повеќето полицајци, загинаа во денешниот напад на атентатор самоубиец во пакистанскиот град Лахоре, соопштија пакистанските власти, цитирани од британските медиуми.Експлозијата се случила во близина на Технолошкиот парк во Лахоре, што се наоѓа во центарот на градот. Цел на нападот биле полицајци, испратени во овој реон за да го прочистат од трговци аквизитери, изјави претставник на полицијата.
Според Џам Саџад Хусаин, портпарол на локалната служба за реакција во итни ситуации, во експлизијата има и над 20 повредени.
Хајдер Ашраф, заменик главен инспектор на полицијата во провинцијата Пенџаб, изјави дека станува збор за самоубиствен напад.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот
Пакистанскиот министер за внатрешни работи, Чаудри Хан, изјави дека доминантен дел од загинатите и ранетите се полицајци, и дека бројот на загинати може да се зголеми.
Премиерот Наваз Шариф го осуди нападот и нареди за ранетите да се обезбеди што е можно подобра медицинска нега и лекување.Експлозијата се случила во близина на Технолошкиот парк во Лахоре, што се наоѓа во центарот на градот. Цел на нападот биле полицајци, испратени во