Сергеј Самсоненко, првиот човек на Вардар, соопшти дека ја променил одлуката и дека по крајот на сезоната нема да си замине од редовите на „црвено-црните“. Русинот пред извесен период најави заминување од трите клуба и ќе прекине со финансирање, но на прес-конференција ден по мечот со Зенит најави дека ќе остане и дека ќе се бори со сите неправди, пишува Гол.мк.
„Пред извесно време донесов одлука дека од наредната сезона нема да инвестирам во трите клуба. Причината беше само една, затоа што се собра цел куп на пишувања од одредени медиуми, кои промовираа невистини, лаги, превртување на факти. Ми се собра до срце и емоционално ја донесов таа одлука и ја кажав на жешка глава. Не сакав да заминам од Вардар и сакам да кажам дека на сите добри луѓе да не веруваат во невистините. Сакам да порачам на тие што пишуваат лаги, дека Вие немате ниту срам, ниту совест. Ве сметам како предавници, затоа што не сум направил ништо лошо за оваа држава, ја засакав како своја, направив само добри работи. Не направив ништо лошо. Тоа е дно да се прави такво нешто. Затоа, јас нема да заминам од Вардар, тука ќе сум засекогаш. Ги повикувам сите да не поддржат и заедно да се бориме со сите неправди. Сигурен сум дека ќе има многу успеси“, изјави Самсоненко.
Потоа, тој се надоврза и за цената на стадионот која пред натпреварот против Зенит во Лига Европа беше трикратно зголемена. Во изминатите години Вардар плаќаше 12.000 евра за еден натпревар, додека оваа година, непосредно пред првиот дуел, киријата беќе трикратно зголемена од сопствениците на стадионот.
„Би сакал да кажам нешто и за стадионот и за цената која му беше поставена на Вардар. Нашите соседи Ц. Звезда и Партизан ми дадоа информација за трошоците, клубот плаќа по 30.000 евра годишно, плус трошок за користење на рефлеторите и струјата. Плус-минус 500 евра по натпревар. Исто така, побарав информации и од Бриж, Белгија. Таму се Клуб Бриж и Серкл Бриж, кои имаат големи бенефиции и не плаќаат како тука. Се надевам дека власта ќе ја земе работата во свои раце и ќе ги преземат сите мерки да застанат зад Вардар и ќе застанат за клубот“, додаде Самсоненко.
За крај, сопственикот на Вардар кажа нешто и за мечот во Лига Европа на кој македонскиот клуб беше поразен со високи 0-5.
„Ние заслужуваме само критики, честитки за Зенит. Лошо одигравме, целосно потфрливме. Не е за оправдување, но нашите момци заслужуваат поддршка. Нашето мислење е дека фудбалерите изгореа во желба. Има лош ден и во фудбалот, тежок е поразот, но наше е сега да се сплотиме и да продолжиме. Од овој пораз ќе извлечеме поуки и ќе бидеме многу посилни. Тоа не беше вистинското лице на екипата“, заврши Самсоненко.
Русинот во македонскиот спортски бренд почна да инвестира од 2012 година, а успеа фудбалскиот клуб да го однесе во Лигата на Европа, машкиот ракометен клуб до европскиот трон, а девојките до среброто во ЛШ.Русинот пред извесен период најави заминување од трите клуба и ќе прекине со финансирање, но на прес-конференција ден по мечот со Зенит најави дека