Скопје, 24 март 2025 г. – На 18 март во Франкфурт, Samsung Electronics, пионер во светот на поврзаните уреди, го одржа настанот World of Samsung. Овој настан го осветли патот за најновите технолошки достигнувања на компанијата, кои ја користат моќта на вештачката интелигенција во сите аспекти на секојдневието, од телевизори и аудио уреди до паметни домови и мобилни телефони. “Се стремиме да ги направиме вашите уреди не само попаметни, туку и повеќе меѓусебно поврзани”, изјави Бенџамин Браун, маркетинг директор за Европа во Samsung Electronics. “World of Samsung е повеќе од платформа за претставување на нови производи; тоа е можност да покажеме како AI може да ги трансформира обичните секојдневни активности во нешто поинтуитивно и значајно.”
На овој настан, пред присутните медиуми и партнери, Samsung ги презентираше своите најнови AI технологии, покажувајќи дека замислата за поврзани домови е веќе нешто повеќе од теорија. Компанијата успеа да ја редефинира интеракцијата на корисниците со технологијата преку идеи кои комбинираат забава, продуктивност и практичност во секојдневието.
Во светот на домашната забава, Samsung продолжува да го диктира темпото. По 19 години континуирано водство меѓу ТВ брендовите и 11 години како број еден за soundbar-звучници, Samsung во 2025 година ќе понуди телевизори од 43 до 100 инчи, сите спакувани со иновативна AI технологија која го подобрува гледачкото искуство. Новите Neo QLED, OLED и QLED модели нудат висококвалитетни слика и звук благодарение на AI процесирањето, кое ги оптимизира осветлувањето, контрастот и боите. За љубителите на уметноста, The Frame и QLED моделите овозможуваат пристап до над 3,000 уметнички дела, а партнерството со Art Basel внесува уметност на светско ниво во домовите.
Samsung, исто така, напредува во гејминг сцената со иновации како AI Auto Game Mode и Samsung Gaming Hub. Наскоро ќе биде достапен Odyssey OLED G8, импресивен гејминг монитор, и 49″ Dual QHD Odyssey G9 за ентузијастите кои бараат врвно гејминг искуство.
Во сегментот на паметните домови, Samsung ја демонстрираше интеграцијата на AI преку SmartThings екосистемот. Овозможува пониски трошоци за енергија и олеснување на домашните задачи преку иновативни решенија како AI Energy Mode.
Конечно, Samsung направи значајни чекори во мобилната технологија со Galaxy S25 серијата, која додава нови интелигентни функции за корисничко олеснување. Благодарение на интегрираната AI технологија, овие уреди нудат преводи во живо, напредни алатки за уредување и SmartThings Home Insight за следење на состојбата во домот директно од Galaxy уредите.
За повеќе детали за производите на Samsung и нивните AI можности, посетете ја веб-страницата Samsung.com/mk.
The post Samsung го претстави поврзаниот живот од иднината на настанот World of Samsung 2025 appeared first on 365.mk.