Скопје, 7 април 2025 г. – Samsung Electronics претстави ново искуство со вештачка интелигенција преку Gemini Live, овозможувајќи вистински визуелни разговори со AI за корисниците на Galaxy. Оваа функција ќе започне да се имплементира од 7 април, започнувајќи со серијата Galaxy S25, и ќе биде достапна бесплатно за сите корисници. Вештачката интелигенција овозможува поприродни интеракции за корисниците на Galaxy при извршувањето на секојдневните задачи. Со долг притисок на страничното копче, Gemini Live прикажува што гледате додека водите разговор во живо. Без разлика дали е избор на облека или реорганизирање на облекувајката, со Gemini Live ваквите секојдневни избори стануваат лакши. Кога ја насочите камерата кон одреден објект, можете да добиете предлози за организирање и оптимизирање на просторот или да споделите екран додека пребарувате онлајн продавници за да добиете совети за стил според вашите потреби. Со оваа можност за идентификација и реакција во реално време, серијата Galaxy S25 функционира како ваш верен пријател кој секогаш е спремен да помогне. „Заедно со Google, се движиме кон иднината на мобилната вештачка интелигенција, испорачувајќи поумни интеракции кои се усогласени со начинот на кој споделуваме, функционираме и се дружиме,“ изјави Џеј Ким, извршен потпретседател и водечки менаџер на одделот за корисничко искуство при Mobile eXperience на Samsung Electronics. „Со оваа напредна визуелна карактеристика, серијата Galaxy S25 ја носи вештачката интелигенција на повисоко ниво, поставувајќи нови стандарди за поврзување со светот преку нашите уреди.“ На 7 април, функциите на Gemini Live за камера и екран ќе станат достапни за сите корисници на серијата Galaxy S25, без икакви трошоци. За повеќе информации околу серијата Galaxy S25, посетете ја официјалната веб-страница на Samsung Македонија на www.samsung.com/mk.
The post Samsung ја претстави визуелната вештачка интелигенција на серијата Galaxy S25 со нова надградба appeared first on 365.mk.