Samsung мора да му плати 119 милиони долари на Apple!

Американскиот федерален суд одлучи дека Samsung украл и злоупотребил еден или повеќе патенти за паметни телефони на Apple, а поради тоа ќе мора да плати оштета од дури 119,6 милиони долари…Пресудата беше донесена во петокот во Сан Хозе, Калифорнија, со што се стави крај на најновата битка помеѓу двата технолошки гиганти. Исто така, судот одлучи дека Apple има прекршено одредени патенти на Samsung, со што ќе мора да исплати 158,000 долари во оштета – мала пирова победа за корејската компанија.

 
Иницијално, Apple бараше оштета од 2,2 милијарди долари, тврдејќи дека Samsung украл пет од патентите на компанијата, вклучувајќи ги slide-to-lock, универзалниот пребарувач, линкувањето во веб-прелистувачот и останатите апликации, автоматското поправање на зборови и позадинската синхронизација.
Пред две години, друга порота одлучи дека Samsung мора да му исплати 930 милиони долари за кражба на одредени патенти при дизајнирање на своите уреди. Samsung сеуште се бори против оваа пресуда.
повеќе на: GSM.mkПресудата беше донесена во петокот во Сан Хозе, Калифорнија, со што се стави крај на најновата битка помеѓу двата технолошки гиганти. Исто така, су

Пронајдете не на следниве мрежи: