Самсунг навистина работи на паметен часовник, изјави денес во интервју за Bloomberg, Извршниот Потпретседател за мобилни. „Подготвуваме уреди за иднината и часовникот дефинитивно е еден од нив.“ И додаде дека помеѓу нив и Apple e „прашање кој прв ќе го комерцијализира со што би бил од значајна корист за крајните корисници“.
Потпретседателот Ли не даде повеќе детали како ќе изгледа нивниот паметен часовник, кои функционалности ќе ги понуди на корисниците или кога ќе излезе во продажба, но изјави дека компанијата работи на овој продукт „доста долго“ и патентите го поткрепуваат ова тврдење. Самсунг повеќе од една деценија поседува патенти поврзани со технологија која би ги опфаќала рачните часовници (Unwired View notes), при што покрива различни типови на преносни телефонски дизајни.
Всушност, Самсунг има и произведено неколку од овие креации, вклучувајќи го и S9110, смартфон во форма на часовник кој излезе во 2009 година. SPH-WP10 е буквално првиот телефон часовник создаден во 1999 од нивна страна, кој му претходеше на смартфонот, но имаше и навистина голема побарувачка.
Bloomberg повторија дека и Apple планира дизајн на сопствен паметен часовник (погледнете го следниот линк), нешто што пред 20тина дена, преку извештај, беше најавено од анонимен извор. Извештајот содржи и информации кои ќе бидат дел од функционалностите на часовникот: освен појдовни повици, ќе прикажува информации за тој што ве бара и каде се наоѓа и ќе следи и прикажува податоци поврзани со вашето здравје.
Самсунг е тој што го има креирано првиот паметен часовник, но ова може да биде уште еден случај каде што Apple ја презема технологијата и го трасира патот со условите за создавање на уред кој работи со постоечки работен тек на корисникот, популаризирајќи го концептот пред Самсунг а другите да ги следат неговите чекори. Во секој случај ова е обновена област на интерес на Корејскиот производител.Самсунг навистина работи на паметен часовник, изјави денес во интервју за Bloomberg, Извршниот Потпретседател за мобил