Јужнокорејскиот технолошки гигант „Самсунг“ објави во петокот дека ќе ја запре продажбата на својот најнов модел паметен телефон „Samsung Galaxy Note 7“ поради проблеми со батеријата.Оваа одлука компанијата ја донела по извештаите од САД и Јужна Кореја за случаи кога уредите експлодирале во текот или по полнењето, пренесува BBC.
Од „Самсунг“ соопштија дека ќе им бидат потребни околу две седмици за подготовка за замена на уредите. Ова отповикување доаѓа само една седмица пред претставувањето на новиот модел iPhone на главниот конкурент американски „Apple“.
„Самсунг“ уште во средата ја сопрел испораката на споменатите телефони за водечките три јужнокорејски набавувачи за да спроведе дополнителни испитувања на квалитетот. Новиот модел беше лансиран на 19-ти август и од тогаш општо е добро прифатен од страна на потрошувачите и технолошките експерти, потсетува Reuters.
Моделот „Galaxy Note 7“ е најновиот уред од таканаречената серија фаблети на „Самсунг“, паметни телефони со многу големи екрани и во вој случај со светлосен молив. Во „Galaxy Note 7“, исто така, е додаден читач на зеницата што им овозможува на сопствениците отклучување на телефонот со скенирање на окото/
Во јули „Самсунг“ извести за рекордна заработка во тековниот квартал и за силна продажба на своите паметни телефони, со што успеа да направи пресврт и да го запре падот на својот пазарен удел. За втората половина од 2016 година, во компанијата предвидуваа натамошен раст на побарувачката на паметните телефони и таблети.
Аналитичарите на „Credit Suisse“ проценуваат дека отповикувањето на споменатиот модел на телефон или поголемите доцнења во испораките би можеле да избришат 1.500 милијарди вони, или 1,34 милијарди американски долари, оперативна добивка на „Самсунг“ за 2016 година, за која се очекува дека ќе изнесува 30.200 милијарди вони.
Меѓутоа, истакнуваат дека тоа би било „апсолутно најлошото сценарио“, како и дека е малку веројатно дека ќе се реализира, бидејќи се очекува компанијата да ги реши сите проблеми пред четвртиот годинешен квартал.
Samsung’s latest phone is about to be entirely recalled because it keeps exploding https://t.co/bUInj0dukr
— Indy Tech (@IndyTech) September 2, 2016
Оваа одлука компанијата ја донела по извештаите од САД и Јужна Кореја за случаи кога уредите експлодирале во текот или по полнењето, пренесува BBC.