Фото: Samsung
Во 2023 година, на полето на хемијата, Нобеловата награда беше доделена за истражувањата и синтезата на квантните точки. Ова признание од Нобеловиот комитет ги нагласува значајните откритија направени од научниците во овој домен, подчертувајќи го нивниот важен придонес во развојот на технологиите за екрани и медицинските апликации. Во иднина, очекувањата се дека квантните точки ќе најдат поширока примена во области како електроника, квантни комуникации и соларни ќелии.
Квантните точки се изразито мали полупроводнички честички кои емитуваат различни бои на светлина вo зависност од нивната големина и така создаваат извонредно јасни и живописни нијанси. Водечкиот производител на телевизори, Samsung Electronics, усвои оваа напредна технологија за унапредување на квалитетот на сликата. Samsung Newsroom разговараше со некои стручњаци за да открие како квантните точки отвораат нови перспективи во технологијата на екрани.
Познавањето на енергетскиот јаз е основа за разбирање на квантните точки. Движењето на електроните претставува основа на електричната струја и неделив дел од тоа се валентните електрони. Кога електроните апсорбираат енергија, тие скокаат од еден енергетски појас во друг, а при враќањето ја ослободуваат апсорбираната енергија. Овој процес го карактеризира концептот на енергетски јаз, односно разликата во енергијата помеѓу два појаса.
Изолаторите, како гума и стакло, имаат голем енергетски јаз што го спречува движењето на електроните, додека полупроводниците имаат појаси кои овозможуваат значително полесно движење на електроните. Полупроводниците покажуваат својства кои се променливи под влијание на топлина или светлина, па така може да понудат емисија на светлина.
Специфичните својства на квантните точки се менуваат кога нивната големина се менува на ниво на наночестички. Кога честичките се доведени до нанометрични димензии, енергетските нивоа стануваат квантизирани. Со намалување на големината на квантната точка, се проширува ефектот на квантното ограничување, што резултира со зголемување на енергетскиот јаз и поместување на спектарот на светлина кој тие го емитуваат, од црвена кон сина.
Инженерството зад филмовите со квантни точки, кои се срцевина на QLED телевизорите, е пример за техничката извонредност на Samsung. Овие филмови треба да одговорат на бројни технолошки барања, почнувајќи од прецизно прикажување на боите, до долгорочна стабилност и издржливост, дури и под неповолни услови. За да се обезбеди трајна издржливост на екранот, Samsung разви полимерни материјали и заштитни филмови кои спречуваат влага.
Samsung успеа да развие технологии кои обезбедуваат извонреден квалитет на сликата, како и повеќе од 90% покриеност на DCI-P3 спектарот на бои. Вистинските QLED телевизори користат квантни точки за да обезбедат исклучителен квалитет на сликата, а оваа технологија беше развивана уште од 2001 година, со значителни достигнувања во областа.
The post Samsung QLED технологија и нејзините иновации appeared first on 365.mk.