Саниран дефектот на фекален колектор ф-1700 милиметри

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје  после два дена интензивна работа со вложување на надчовечки напори и ангажман на целокупните расположливи човечки ресурси, градежна машинерија и опрема за отпушување вчера 22.05.2014 година околу 23:30 часот го отпушија фекалниот колектор на булеварот Кочо Рацин во близина на Црвениот крст. Со тоа се овозможи проток на фекалните отпадни води односно се овозможи нормално функционирање на канализациониот систем. Претходно беше извршено отпушување на истиот колектор во непосредна близина на Порта Македонија.
При самото отпушување беа извадени каблови од операторите и друг неразградлив материјал кој доведе до запушување на самиот колектор. Во испумпувањето на водата кај Порта Македонија беше вкучена и цистерна од  Територијалната против пожарна бригада.
Во овој момент екипи од ЕВН Македонија работат на дислокација на четири каблови кои се под висок напон, а кои вршат напојување со електрична енергија на Градскиот трговски центар. Потоа веднаш ќе се започне со санирање на самиот фекален колектор, на дупките на двете локации и нивно доведување во првобитна состојба.  
 Со тоа се овозможи проток на фекалните отпадни води односно се овозможи нормално функционирање на канализациониот систем. Претходно беше извршено о

Пронајдете не на следниве мрежи: