Санкции за партиските лидери и отворен пат за странска интервенција: ЗОШТО?

На 20 јуни годинава ќе се одржи вториот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ во обид на Македонија да и’ се стават санкции за непочитување на пржинскиот договор.Првиот обид беше неуспешен зашто на 18 мај, на оваа намера, чии креатори се Велика Британија и Германија, се спротивставија Унгарија со вето и Грција со исцрпна аргументација за важноста и улогата на Македонија како порта на коридорот низ кој минуваше мигрантскиот бран. По неуспехот на предлагачите, нивните претставници го напуштиле состанокот со цел да ја одложат точката разно“ на која било предвидено да се дефинираат начините за решавање на македонската политичка криза, онаа де што самите веќе две години ја кроеја, дотеруваа, збогатуваа, па ја прекројуваа, фирцаа, штепуваа, параа, па повторно ја составуваа за да го стокмат моделот „бескрајна приказна“ за сезоната илјадагодишен светски рајх.
Ете, на 20-ти овој месец ќе се обидат повторно да ја „спастрат“ Македонија. Целта на иницијаторите Германија и Велика Британија, двете најверни поданички на империјата САД (Германија како окупирана по загубена војна, Британија како ковладетел со колониите што ги загуби по Втората светска војна) им е да извршат интернационализација на фингираната политичка криза така што ќе понудат загрижен заклучок на одговорни европски „политичари“ дека кризата има дестабилизирачки потенцијал за цела Југоисточна Европа. И, нормално, штом Македонија со своите црпанти игрички управувани на далечинско, со играчи избрани и координирани одблиску, ќе добие консензусно утврдена дијагноза за фактички непостојна болест, лесно ќе ~ се препишува и иљач и доза, притоа без никаква одговорност за лекарите.
Му чистат пат на Хајндл
Што сакаат предлагачот Германија и Велика Британија кои во оваа епизода се на истурена позиција, ка САД, пак, одмораат од нови тури јавно резилење и губење кредибилитет. Тоа не значи дека зад рефлекторите не командуваат активно. Напротив. Ни го докажа тоа и последниот оркестриран напад на „пријателите“ Хојт Ли и Џес Бејли. Веќе секому му е јасно дека целава свинштина била организирана за промената на структурата на владеење која се потпира на изборна волја, силно мнозинство што доведува до стабилна извршна и законодавна власт. Таквите влади по толковникот на новиот светски поредок се именуваат како диктаторски режими и како такви, значи како утврдена опасност за стабилноста на рајхот, се прогласени за легитимна цел.
Значи, што сакаат да аранжираат Германија и Британија преку „факинг ЕУ“ дипломатијата? Сакаат да отворат простор за мисијата на специјалниот пратеник на фрау Меркел која амбасадорува во Австрија, белки како занимација во слободно време. Значи, Германија се токми да ја преземе иницијативата за директно мешање во македонските внатрешни работи, нормално обезбедена формално со одобрувањето од 28 членки на ЕУ. Ако на претстојниот состанок се случи тоа, ако на вакво нешто се согласи ВМРО-ДПМНЕ, ете не повторно таму каде што бевме во мај годинава.
Мотивите за операцијава на чадорот се јасни. Мотивите на британската жица се традиционално империјално-лукративни. Напаѓаат и рушат с` што стои на патот на нивните интереси. Тоа е 42. паралела. За беља, низ неа минува светскиот кинески проект за тргување со сите држави, кој се вика нов пат на свилата. За уште поголема беља, овој проект Kинезите сами го финансираат, а на државите низ кои минува им нудат договори кои се партнерски и добитни за обете страни. За најголема беља, Kина во моментов е една од двете држави што имаат кеш (втората е Саудиска Арабија) и е посветена на своите градителски, инфраструктурни мегапроекти, што ги загрозува корпоративните држави. Тие се принудени да брзаат и затоа одеднаш кризираат синхроно, по иста кројка, со исто сценарио буквално без исклучок, сите држави на 42. паралела, односно оние низ кои минува патот на свилата. Судбина ~ било на Македонија да е на тој пат со Скопје како главен град. Основната цел на германско-британската иницијатива е да осигурат вонинституционално, вонуставно, со или без регуларни избори, да добиеме неавтентична хибридна (ГМО) влада на четири партии, која ќе нема капацитет да потпишува меѓународни договори. На пример, со Kина. Ова го знаат Унгарија и Грција и тоа е причината што ~ удриле контра на Германија во мај. Имено, и тие имаат интерес да дојдат до својот дел од кешот од кинеските инвестиции. За ова се свесни и Хрватска, и Романија, и Бугарија, и Албанија, и Црна Гора, кои настрадаа од заразниот „македонски вирус“. Србија нема влада, ама веќе има стабилен потписник, потврден на неодамнешните избори, па кинескиот претседател со тимот е веќе таму. Но Македонија кубури со политичка влада и технички премиер, на стенд бај на ретардираните европски бирократи и дегенерираните политички елити на големите европски „демократии“. Затоа Kинезов не стори напор да ја посети и да ги потпише јавно договорите утврдени уште на првата средба во Варшава, а тешки над две милијарди долари.
Ќе ги поздрават санкциите?
Германската жица на чадорот во Македонија има посложени мотиви. Од една страна, сака да ја зачува улогата на Македонија како порта за мигрантскиот налет кон Европа, ама не сака за таа порта да биде одговорна капацитетна легитимна влада која води национално одговорна политика. Нашава копнена порта, која веќе ја нарековме нова термопилска теснина, галиба има функција и значење на Панамскиот коридор, на Суецкиот Kанал, на Гибралтарскиот ’Рт и јеменскиот „мост“. Од оваа наша земја сега зависи политичката судбина на Ангела Меркел, која во континуитет губи од својот политички кредибилитет. Не само таа, туку и нејзината партија. На пример, тешко е рационално да се објасни како земја во длабока криза може толку ефектно институционално да го регулира мигрантскиот сообраќај. Да потсетам, милион мигранти во кризниов период минаа низ Македонија. Уредно, дисциплинирано, педантно и беспрекорно спроведено од нападнатите со пуч државни институции. И тоа без паника, без плачење, без поддршка од ЕУ. Може да се каже слободно дека Македонија денес е далеку пофункционална држава од извиканиве стари фрајли радодајки од клубот на Вавилон. Германската надворешна политика која нагло губи на својата рационалност и затоа с` почесто ја гледаме во конвулзивни епилептични напади, ќе бара Македонија да стане кризна точка која дестабилизира дел од континентот поради некое си Пржино. Ќе отвори пат за странска интервенција. И тоа во мигот кога почнува второто големо цунами од мигранти, овој пат од Африка (Италија веќе се соочува со бегалците, а Kрит се полни на час). Ќе го бара ова преку воведени санкции за политичарите кои нема да го почитуваат пржинскиот глупав договор чии автори се најглупавите европски бирократи на услуга на американскиот империјален двор за да ги држат под уцена македонските партиски поглавари и нивните партиски везири и евнуси. За нив ќе бидат санкциите. Нема сомнение дека нашиве главатари ќе бидат мирни како попчиња. Докажано кооперативни. Дури и ќе ги поздрават санкциите спрема нив. Претпоставувам дека тоа елоквентно, со педантно сложени рачиња во пирамида поза, ќе ни го објасни „лауреатот“ Никола Поповски, кој тукушто „достоинствено“ го прими италијанското непристојно одличие – орден на честа „голем офицер“ лично од италијанскиот амбасадор Белели, инаку жица во чадорот кој го организира македонскиот преврат, односно криза.
Kако и да е, ете го 20 јуни. За Никола Груевски, за ВМРО-ДПМНЕ, ова ќе биде последна шанса за да го одбранат суверенитетот на државата. Но и последна шанса за да ја спасат сопствената кредибилност, но и веродостојност демек кај народот што со убедливо мнозинство ги гласа последниве 10 години. Ако не се спротивстават на оваа гангстерска операција, ако конечно не излезат од апатија, ако продолжат со тактиката на стаписаност на зајак пред раширената змиска вилица, ако кротко се вратат на претходната позиција (пред 5 јуни) на широка техничка влада со алтернативни министри, сите ќе знаеме дека се некапацитетни како тим, без вистинско лидерство, дека се малодушни и дека она што го прават нема врска со она што го зборуваат. Делата, потписите, одлуките се вистинската слика. И за неа нема потреба повеќе од зборови.
Состанокот одложен за крајот на јуни
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, состанокот на министрите кој требаше да се одржи на 20 јуни е одложен поради референдумот во Велика Британија закажан за 23 јуни. Новиот термин за состанокот е по реферндумската недела, односно кон крајот на месецот, кога лесно може да се случи министрите да имаат и друга тема на разговор.
Нема сомнение дека нашиве главатари ќе бидат мирни како попчиња. Докажано кооперативни. Дури и ќе ги поздрават санкциите спрема нив. Претпоставувам дека тоа елоквентно, со педантно сложени рачиња во пирамида поза, ќе ни го објасни „лауреатот“ Никола Поповски кој тукушто „достоинствено“ го прими италијанското непристојно одличие – орден на честа „голем офицер“ лично од италијанскиот амбасадор Белели, инаку жица во чадорот кој го организира македонскиот преврат, односно криза.
Значи, што сакаат да аранжираат Германија и Британија преку „факинг ЕУ“ дипломатијата? Сакаат да отворат простор за мисијата на специјалниот пратеник на фрау Меркел, Јоханес Хајндл, кој амбасадорува во Австрија, белки како занимација во слободно време. Значи, Германија се токми да ја преземе иницијативата за директно мешање во македонските внатрешни работи, нормално обезбедена формално со одобрувањето од 28 членки на ЕУ.
Германската надворешна политика која нагло губи на својата рационалност и затоа сè почесто ја гледаме во конвулзивни епилептични напади, ќе бара Македонија да стане кризна точка која дестабилизира дел од континентот поради некое си Пржино.
 
Пишува: Мирка Велиновска за ДневникПрвиот обид беше неуспешен зашто на 18 мај, на оваа намера, чии креатори се Велика Британија и Германија, се спротивставија Унгарија со вето и Грци

Пронајдете не на следниве мрежи: