сабота, 28 ноември 2026
Најново

Сара Мејс и Димитар уникатни младенци

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Речиси секој викенд од ова лето се случуваат свадби на познатите  Македонци, што на пејачи, актери, дизајнери… а оваа сабота (02.09) дојде редот и за свадбата на пејачката Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски.Минатото лето во месец август на плажа во Стомио, Грција, Димитар  ја запроси својата сакана, а една година подоцна на истиот датум си го дадоа својот збор и пред Бога.
Иако тогаш не веруваше дека навистина и се случува тој момент во животот, Сара ја прослави моминската, исто така на грчка плажа, а пак Диме последната вечер со момците ја остави за својот роденден – ден пред свадбата.

Понесени од убави чувства на љубов и среќа го дочекаа и големиот ден, а младоженецот го заобиколи клишето и отиде по невестата качен на мотор, а пак таа го дочека во уникатно невестинско издание кое го најави и претходно во медиумите.

Имено, невестата се одлучи за изглед како ниедна друга, различна, помалку екцентрична како и секогаш, истакнувајќи го сопствениот стилски печат.
Тесната  венаница со впечатливи транспарентни делови, ја истакна нејзината линија, а пак предолгата коса допринесе за ултра впечатлив ефект.
Минатото лето во месец август на плажа во Стомио, Грција, Димитар  ја запроси својата сакана, а една година подоцна на истиот датум си го дадо

Поврзани вести