Сараево ги освојува срцата со моќните животни приказни и топлината на луѓето!

Една од најголемите сараевски легенди е приказната за Инат куќата која сопственикот не дозволил да се урне за да се изгради парламент на нејзиното место, па била скроз преместена.Башчаршија
Башчаршија ќе ве врати во минатото. Во буквален превод значи „главна чаршија“. Низата дуќани поврзани со мали улички ги изградија Турците во половината на 15. век според примерот на арапската архитектура, а тогаш, баш како и сега, изградена е како своевиден саем. Башчаршија изобилува со сувенири. Во неа можат да се пронајдат босански комплети на ѓезвиња и филџани за кафе, рачни изработки од бакар, везени предмети, но и маици.
Бегова џамија
Беговата џамија, со полно име Гази Хусрефбегова џамија е главна знаменитост на Башчаршија. Била изградена во 1530 година за време на владеењето на Гази Хусреф бег. Ја проектирал еден од најславните истанбулски архитекти Ајем Есир Али, а ја граделе мајстори од Дубровник. Таа е првата џамија во светот која има добиено електрично осветлување во 1898 година.

Сахат кула
Во непосредна близина на Беговата џамија се наоѓа Сахат кулата, национален споменик на БиХ. Изградена е во 17. век, а посебна е по тоа што часовникот на неа наводно е единствениот во светот кој покажува лунарно време. Овој часовник има посебно значење и за време на Рамазан, исламски свет месец на пост. Откако на кулата ќе отчука 24 часот, знак е дека е време за ифтар, односно рамазанска вечера. Тоа е прв оброк непосредно по заоѓање на сонцето и луѓето коишто постеле можат да јадат.
Сараевски воен тунел
Пред повече од 20 години, босанската армија започна со копање тунел под сараевскиот аеродром, кој подоцна стана единствен излез од опколениот град и симбол на сараевскиот отпор. Возејќи се низ типична сараевска населба, со мали куќи групирани долж патот трасиран паралелно со аеродромот во градот, се стигнува до една куќа. Таа не се разликува многу од другите куќи во населбата Бутмир, но сепак е различна, бидејќи под неа се наоѓа еден од влезовите на познатиот сараевски тунел. Денес, повеќе од 20 години по започнувањето на неговата изградба која стартуваше на 29 март 1993 година, тој е претворен во музеј, што во изминатата година го посетија повеќе од 55.000 туристи. Многу граѓани кои ја преживеаја опсадата на градот од страна на силите на босанските Срби, ќе ви кажат дека тунелот за време на војната бил главната артерија за животот во Сараево.
Вечен оган
Споменик посветен на жртвите од Втората светска војна. Го нарекуваат вечен, бидејќи огнот никогаш не згаснува. Повеќе од 50 години гори оган во знак на сеќавање на ослободителите од фашизмот.
Еврејски гробишта
По прашките, еврејските гробишта се втор најстар сакрален комплекс во Европа. Се смета дека се основани во 1630 година.
Инат куќа
На локацијата каде што требало да се гради, постоела куќа, која сопственикот не давал да се урне, туку да му се пренесе од другата страна на реката Миљацка, таква каква што е. И навистина, цигла по цигла, ѕидарите куќата ја пренеле на другиот брег од реката, и токму затоа, тој објект, се нарекува „Инат куќа“, кој во Сараево денеска е познат ресторан.
(24 сата)Башчаршија
Башчаршија ќе ве врати во минатото. Во буквален превод значи „главна чаршија“. Низата дуќани поврза

Пронајдете не на следниве мрежи: