Првиот човек во културата Роберт Алаѓозовски и неговиот најблизок соработник Петрит Сараќини вчера биле многу незадоволни затоа што на церемонијата за отворање на супер купот во Скопје имало македонски знамиња.Иако УЕФА забранила носење на знамиња освен од земјите кои играат во супер купот, на самиот почеток на свечената церемонија се појавија играорци од КУД Танец а веднаш после нив и неколку деца со македонски знамиња истрчаа на теренот.
Министерот Алаѓозовски и неговиот човек за односи со јавност Сараќини биле бесни поради оваа „провокација од организаторите“ како што ја нарекле, па започнале да се распрашуваат кој е виновникот за одлуката да има македонски знамиња на отворањето на мечот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, велат извори од организацијата.
Откако дознале кои луѓе се задолжени за тоа заклучиле дека се работи за поддржувачи ина ВМРО-ДПМНЕ и побарале „вмровците да бидат казнети“ за онесувањето надвор од препораките на УЕФА и провокацијата со македонските знамиња.
„Урлаа по телефон, ни викаа дека само англиски и шпански знамиња смее да има, па дека ако имало македонски требало да има и албанско знаме и турско и бугарско за да има од сите заедници кои живеат во Македонија. На крај се заканија дека ова нема да остане вака“, вели анонимен извор од организацијата кој бил сведок на овој настан.Иако УЕФА забранила носење на знамиња освен од земјите кои играат во супер купот, на самиот почеток на свечената церемонија се појавија играорци од