Шарен општинскиот штаб на СДСМ-Охрид: „Доста фарбате“

Незадоволството кај граѓаните од кризата во која што СДСМ ја втурна Македонија и нивната „шарена револуција“ која уништува културни споменици, јавни објекти, а од вчера и спортски терени, беше рефлектирано на општинскиот штаб на СДСМ-Охрид на кој утринава беше испишана парола со која се порачува СДСМ да престане со погубните сценарија за Македонија.На сето ова реагираше општинската организација на СДСМ-Охрид, на која не и се допадна шаренилото кога е на нивната врата.

Ви ја пренесуваме реакцијата во целост.
„Како расте бројот на граѓаните коишто протестираат против криминалното владеење на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, така нервозата во нивните редови станува се’ поголема.
Покрај секојдневните закани и притисоци кон вработени во јавните претпријатија и државните институции да не се појавуваат на протестите во Охрид, ВМРО-ДПМНЕ мисли дека со провокации ќе може да го поколеба охрабрениот народ.
Седиштето на СДСМ во Охрид во текот на вчерашниот ден беше цел на вандалски чин (слики во прилог) којшто ја потврдува нервозата на криминалните структури во земјава од враќањето на правдата, слободата и демократијата.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги повикува институциите професионално и ефикасно да спроведат истрага и да ги орктијат сторителите.“ – стои во реакцијата на ОО СДСМ-Охрид.

Извор: Охрид денесНа сето ова реагираше општинската организација на СДСМ-Охрид, на која не и се допадна шаренилото кога е на нивната врата.

Пронајдете не на следниве мрежи: