Халуцинации. Работи што ни се причинуваат, што реално ги нема во ова време и простор, често плод на нашата имагинација или потреба да веруваме во нешто толку силно што нашиот ум прави екстра напор да ни го создаде за да ни ги олесни страданијата на телото.Дали е фатаморгана како оазата со вода која ја му се причинува на жедниот во пустина или е психичка фиксација на нешто е помалку важно. Халуцинациите се нестварни и не постојат во реалниот свет. За жал, се повеќе има луѓе кои ни „продаваат“ халуцинации за реалност. Нашле фалшив продукт и решиле да засилат со пропаганда. И тука драги мои спас ви е единствено логиката, предмет кој 4 години го изучував на факултет а принцип кој многумина го земаат здраво за готово и често го прескокнуваат зошто бара употреба на мозокот. Светот стана мрзлив, не паметиме повеќе телефонски броеви зошто тоа го прават мобилните за нас, не бараме вистини зошто тие бараат напор и време а нас секогаш ни недостасува или едното или другото. Се стана брзо. Брза храна, брзи компјутери, брзи жени, автомобили и што ли уште не.
И сите тие брзи нешта ни даваат брзи резултати со минимална употреба на мозокот и неговите когнитивни својства. Затоа сме денес таму каде што сме, цивилизација на готови вистини и закони без потреба од логика. Неа ја имаат апаратите и луѓето кои ни ја продаваат таа приказна. Денес, овој петок, овој Март или Април ни бараат и „брза влада“, уште една готова и изџвакана вистина која треба само да ја голтнете без да размислувате. Тоа веќе друг го направил за вас и одредил дека така е најдобро. За кого? Тоа ќе ви кажат после, зошто ако ви кажат сега….. Ееее затоа за колумнава ќе ви треба логика вклучена на максимум и желба сами да дојдете до сопствените вистини. Јас на тој пат кон вистината можам да ве снабдам само со аргументи – зошто без нив логиката е немоќна, процесуирањето и одлуката ги оставам на вас самите.
Потребна ни е брза влада. Таа како брзата кучка што раѓа слепи кучиња, задолжително мора да е слепа за фактите или барем да знае да мижи кога истите ќе се појават во опасна близина. Не е факт зошто за тоа немам доволно аргументи, но имам чувство дека таа брза влада треба да биде составена од сите заедно освен ВМРО- ДПМНЕ. Како дојде до тоа? Објаснувањето кое го нуди СДСМ е следно. ВМРО –ДПМНЕ преговараше за влада прво. Тие преговори беа меѓу нив и ДУИ зошто 51 пратеник на ВМРО и 10 на ДУИ прават мнозинство. Истите преговори пропаднале затоа што ВМРО и ДУИ се договориле за се освен за продолжувањето на мандатот за отворање истраги на #СЈО. Хммммм…. Ајде да промислиме малку. #СЈО не е формирано како легално тело туку е плод, чедо на Пржинскиот договор меѓу четири партии ВМРО, СДСМ, ДУИ и ДПА. Неговата уставност се уште не е потврдена и секоја измена која се однесува на него мора да биде консесуална со потписи на сите 4 партии потписници на самиот договор. Со тоа, секоја корекција на мандатот мора да е договорена помеѓу истите тие партии и не може да ја потпишат само три од нив. Значи ВМРО и како позиција и како опозиција е потписник на Пржинскиот договор и продолжувањето на мандатот може да го спречи или поддржи во секоја варијанта.
Значи ЛОГИКАТА ВЕЛИ дека не било тоа, или поточно не БИЛО само тоа причината за некоалицирање на ВМРО и ДУИ.Не ни можело да биде зошто е ирелевантно дали ВМРО ќе биде власт или опозиција ако сака да не го поддржи продолжувањето на мандатот на #СЈО. Значи застапниците на таа теза ЛАЖАТ. Прават шарени халуцинации. И сега во обид лажговците да се „исперат“ од лагата, велат ама имаме писмен документ дека ВМРО прифатило цела фамозна „Тиранска платформа“ само #СЈО не. И наместо веднаш да го приложат тој документ пред јавноста и да го „закопаат“ ВМРО, документот никако да се појави еве месец дена. Мене не ми е логично да верувам на некој кој во претходниот став ме излажал а вам? Пуста логика…. А таа кутра „Тиранска платформа“ час ја има, час ја нема. Тоа кај СДСМ, а платформашите се трудат со вербални лупинзи да ви замачкаат очи, де не било платформа, де било декларација, фискална, каса прими… И така во недоглед. Реално и НЕЛОГИЧНО, услов за создавање на „брза влада“ ни е нешто за кое не сме знаеле пред изборите, де факто НЕ СМЕ ГЛАСАЛЕ ЗА ТОА. За да го исперат газот од овој непобитен факт ( дека пред да гласаме не знаевме за платформата ) ни продаваат повторно изјави без базична логичка основа од типот, Ај да дојдеме на власт па за се ќе преговараме, со подтекст дека нешто ќе се усвои, нешто ќе се дебатира, за нешто ќе се консултираат „експерти“…. Но, тоа нам како гласачи не ни го менува фактот дека ние не сме им дале легитимитет на ниту еден од тие 120 души во собранието ниту да преговара, ниту да договара, ниту да прави експертизи за нешто што не сме знаеле дека постои на денот на изборите кога заокружувавме на гласачките ливчиња. Затоа не сакаат логика, затоа не сакаат прашања, затоа велат ќе ви кажеме потоа, ќе видите.
Кога ќе видите драги мои – ќе биде доцна. Како за Струга и Кичево што не заслужуваа одговор, каде се ќе беше мед и млеко. Како халуцинацијата дека Зијадин Села сака соживот со народ што не постои, како халуцинацијата за 500.000 фантоми во 2014-та за во 2016-та на „најчистите и најфер“ избори да го има речиси истиот резултат. Само во нивните халуцинации ако од 480.000 луѓе што гласале за ВМРО одземете 500.000 – ќе добиете 465.000. Само во нивните халуцинации „бардот на истражувачкото новинарство“ награден од чика Сорош вели дека има 10.000 фалсификувани лични карти, дава 98 и му ја затвораат печатницата па не може да ги допечати останатите. Само во тие халуцинации #СЈО наоѓа криминал од 2006-та во прислушувани материјали кои го опфаќаат периодот од 2013 до 2015-та. Само во шарените халуцинации може основен предуслов за ловење на криминал да биде двојазична банкнота а довчерашниот соучесник во криминалот да е гонител на истиот. Многу халуцинации, многу отсуство на логика. И велат ајде ние што ве излажавме 1000 пати да ве водиме во подобра иднина, со „Тиранска Платформа“ која не постои но ќе ви кажеме што од неа сме прифатиле а за што „ќе дебатираме“ во наредниот период. Лудило.
Луѓе, вклучете мозок. Не се работи за нешта кои ако се променат сега – можат да се исправат во иднина. Не се работи за нешто материјално, нешто чија загуба ќе прифатиме со горчина но можеме да ја надоместиме. Одете во Струга, во Кичево и сами уверете се дали она што не заслужуваше одговор функционира онака како што не лажеа. Дали сега можете да ги вратите луѓето кои си го одземаа животот поради ТАТ и судбините на нивните семејства неповратно зацрнети. Дали се врати уставното име Република Македонија или уште не се поминати 6 месеци? Дали рамковниот по кој се ќе беше бајка имаше дух кога го потпишуваа или се повампири во последно време…. Се се ова прашања кои „не заслужуваат одговор “ ако ги прашате овие вешти домашни и странски трговци со шарени халуцинации. Логиката вели дека не треба да прифаќаме нешто што не постои никаде на друго место во светот. Срцето вели дека нешто лошо ни спремаат, нешто од кое нема враќање. Запомнете, некој може да ве излаже дека ако скокнете од десетти кат – ќе останете живи и де факто ќе бидете живи но само додека не стигнете до последниот сантиметар од плочникот. Потоа нема пишманење. Потоа е доцна. Потоа не можете да се вратите назад. Дајте да престанеме да бидеме лабораториски глувци на големите играчи, на квази хуманисти кои печалат од нашата мака. Дајте да се здружиме во име на нашите предци и нашите поколенија.
Јас не сакам да им погледнам во очи на моите деца како татко кој им ја продал дедовината зошто така било полесно и зошто така ме излажале. Тие кои бараат да помолчите на „Тиранската платформа“ и да се правите дека не постои, ќе си ги однесат бисагите со пари заедно со семејствата некаде далеку. Можеби ќе ги видите на фејсбук. Тоа ќе се истите лицемери кои зборуваат за минимална плата од 12,000 денари која НЕ ЈА ПЛАЌААТ ВО СОПСТВЕНИТЕ ФИРМИ, чии деца јадат оброк кавијар во висина на 4 такви плати. Не грижете се за нив, тие ќе бидат далеку, како шибицарите на камени мост кои исчезнуваа за 2 секунди од кога ќе им ги земеа сите пари од џебовите на лековерните жртви. Овие политички шибицари се намерачиле на нашето име, јазик, знаме, идентитет, химна. „Гонење криминал“ е само алиби и истиот ако постои се гони и без одземање на суверенитетот и идентитетот на еден цел народ. Дојдете пред влада, убави луѓе има. Не верувајте на продавачите на халуцинации повеќе, влогот е поголем од колку што можете да си замислите. Влогот сме ние и нашата иднина.
Дојдете за да ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, #ЗаЗаедничкаМакедонија, дом за сите….Дали е фатаморгана ка