ШАРЕНАТА ЛАГА И АБОРТИРАНИОТ УМ

Скопје изминатава празнична недела беше град на духови, празно, чисто мирно. Дури и фантомите, кои добиваат избори за една одредена партија па потоа драматично исчезнуваат кога ќе се појават два грама разум во близина, дури и тие 500.000 мистериозни другарчиња не беа тука.Да се уплаши човек. Како ненадејно градот да се инфицирал со увозна „демократија“ и се лошо да си отишло на некое друго, мистериозно место. Чуден некој мир во престолнината на „мизеријата“, „криминалот“ „економскиот колапс“ , „банкротот“ и „неправдата“.
Па зар и тие го напуштија Скопје? Зар и тие исчезнаа како празните чевли кои чудесно се телепортираа пред владата во Загреб и изборните кражби кои сменија адреса преселувајќи се во Белград? Чудна работа за „немирното“ и „неправедно“ Скопје. А така беше и низ цела Македонија.
Сиромашниот, заведен, лажен и ограбуван народ на оваа мала земја се радуваше, прославуваше, ги заборави своите маки и фактот дека егзистира во „диктатура“ дека е раководен од „режим“.
Се јадеше, пиеше, трошеше, купуваше и продаваше. Луѓето комуницираа без бес и гнев. Што се случи? Што беше поинаку? Одговорот на ова прашање можевте да го најдете близу, на само неколку стотици километри од Скопје во „братската“ Грција. Вредните револуционерни масонски молери и нивните слуги како и илјадниците заведени од оваа шаманска подмачкана со долари шарена лага си земаа „заслужен“ одмор. Како впрочем сите револуции нели? Не е можно!
Сакате да ми кажете дека на светов постојат диктатури и режими кои работат 365 дена во годината и дење и ноќе? Дека постојат толку посветени фашисти што работат преку цела недела па дури и ако е студено или неподносливо жешко? Дека во други диктатури не постои институтот одмор, споен викенд или денови од стар одмор?
Па какви се тие диктатури кои не им дозволуваат на сопствените револуционери сончање, починка од револуционерувањето? Но сигурно во тие земји немало толку „шарени“ и инвентивни револуционери па од таму и отпорот на тамошните диктатори да им дозволат на нивните револуционери непречено движење и заслужен одмор од револуционерните напори….. Сарказмот на страна драги мои, сите добро знаеме на што се должеше овој мир и спокој кој за кратко ни ги тргна мислите од депресивни теми. Шарените претскажувачи на апокалипсата и доносители на демократијата на глупавиот народ не беа тука. Се одмараа луѓето надвор од земјата и така чудесно, со еден потег – тензијата ја снема. Тензијата која токму тие ни ја туркаат под нос убедувајќи не во сопствената верзија на приказната.
И навистина не знам кој ги советувал дека хорор приказните најдобро се продаваат на овој простор и зошто упорно ни продаваат апокалиптични сценарија, но едно знам, упорни се во тоа. И бројките кои ни ги туркаат под нос мора да се такви, страшни. И не е битно што се извадени од „малиот“ мозок и спакувани во кондоми полни со поликолор, битно е да се страшни визиите. А сите знаеме дека од страшното може да не спаси само нешто шарено, убаво пролетно. И мора да не спаси веднаш, зошто ако не застанеме на нивна страна или не дај Боже сме неопределени, што е поголем грев од колку да си определен за „режимот“ зошто така им е потешко да те етикетираат, ни нема спас, диктатурата ќе трае до септември, најмалку.
Па секоја револуција, а особено шарена има право на 3 месеци одмор нели. Тоа време додека тие одмараат, по социјалните мрежи ќе не забавуваат и одржуваат тензија оние „дежурните“ наши хранители со правда, мир и бројки од малиот мозок.
Тие прво ќе ни кажуваат колку сме глупави, мизерни, бедни, неуки и слепи пред очи. Па ќе не потсетуваат дека банкротиравме далечната 2013-та, дека ни е катастрофа, лошо, и колку сме обесправени и без мир. Ќе нафрлаат и бројки, оние де стандардните, 5 милијарди долари,евра, франци, зависно од дневната агенда и курсот во приватните менувачници украдени наши пари, 600.000 млади одселени, 500.000 фантоми, неслободни медиуми и ружни градби.
Фрли на тоа 5 хаштази, 100 посветени младинци или 50 со двојни профили и воала. Или не? Народот некако не сака да го јаде а уште помалку може да го свари овој шарен кондомски боршч кои тие перверзно го нарекуваат вистина. Најверојатно зошто вистината ја абортираа пред 3 години кога се согласија патолошки лажго и класичен паљачо да ни ја турка под нос франкештајновската креатура која ја создадоа во налети на фрустрација пред сопствената немоќ.
И не постои ПР трик со кој можеш вандализам да продадеш како модерна уметност и авангарда. Не во цивилизизација стара 2000+ години. Па дури и почнаа да се шират дебилски иницијативи од типот- да се напишат со боја на порта Македонија жиро сметки од деца на кои им треба помош за лекување – да се срамел режимот.
Тоа што никому не му текна да парите од еден протест се донираат на некое дете или пак да се одржи еден мирен протест на кој сите ќе дадат по едно евро за спас на дете не е проблем. Како што истакна еден од шарените, тоа биле негови пари, а на децата требало да им помогне режимот кој всушност не им помага и ги пушта да умираат.
Мојот одговор беше, да му се даде пиштол на човекот, зошто само така може да им ги скрати маките на кутрите деца кои чекаат помош од режимот кој ги умира. Нека чекаат кога ќе дојдеме на власт, рече тој.
Не сакав да го прашувам понатаму зошто 3 минути пред тоа се декларираше како непартиски активист…. Толку за децата… Толку за хуманата димензија на шарените на кои најважен им е сопствениот задник, сончан. Велат Нема правда нема мир, нема слобода а тоа ние го чувствуваме само во нивно присуство. Точно, нема мир од вас драги шарени, од вас кои без концепт шетате по градов и ни го нарушувате истиот.
Оној, јавниот ред и мир кој јас како некој што не се согласува со вас, не можам да го уживам зошто морам да внимавам денес по која маршрута ќе се движите за да ја избегнувам. Немам мир зошто не можам да отидам или се вратам од работа кога сакам. Нема мир зошто не можам со семејството да се движам кај сакам, немам слобода на движење и тоа станува симтоматично.
Заложници сме сите на вашата абортирана вистина која ја сменивте со копилето спин вешто ставајќи перница под шарениот фустан и криејќи го неговото вистинско потекло. А без мир, во состојба на бес и тензија, секако знаете дека и правдата не сака да се појави.
И неа сакате да ни ја ребрендирате во дебела и неспособна која чита пусулчиња од амбасади, а не слепа, не со врзани очи, вита и непристрасна. Во вашиот шарен свет таа е гојазна послушничка со две компатибилни алтер ега. И игра игрици на фејсбук во работно време.
Барем играше додека не ја скара чадорот. Горката вистина драги шаренковци е дека вистината не се бара на спонзорирани сајтови. Ни бројките не се таму. Народот не е ни глупав ни будала а вие почитувани шаренковци сте во негова немилост. Жуља тоа, како што сакаат оние со звиждаљките да речат, мало незгодно. Уште погорчливо е дека и мир има кога вие не сте тука. Кога сте на одмор или барем продолжен викенд.
Да, секако. И мир и слобода. И луѓе кои си ја гледаат својата работа и ништо повеќе. И работат за иднината на сопствените деца, за разлика од позери без деца кои се борат за иднината на нашите деца. Тоа е поразителната вистина а не она копиле што ни го туркате под нос додека ни ги унакажувате градот, државата и иднината со вашите излитени рециклирани пароли од 1941.
Сето она што го барате го има, тука е, на дофат – кога вас ве нема драги мои шаренковци. Затоа мислам дека е најдобро да ви дадеме еден траен ОДМОР, да ве архивираме во историјата.
А ние? Ние ќе продолжиме да живееме едни со други и да се трудиме да ни е подобро. Одморете дечки. Ако е и од шаренило, Доста е. И земете си ги шарените лаги со себе, нас не ни се од корист.
Пишува: Алекс Ванко
Филозоф, писател, аналитичарДа се уплаши човек. Како ненадејно градо

Пронајдете не на следниве мрежи: