Невзат Халили и неговата дружина, освен што ја прогласи „Илирида“, го прогласи и почнувањето на дејствувањето на гардата на оваа нова самопрогласена балканска република. Со коминике. Со коминикеа и Али Ахмети и неговата дружина го почнаа конфликтот во Македонија и го добија Охридскиот договор. Само Истокот беше вознемирен од оваа сличност. Западот е спокоен.Во главниот град на Македонија пред споменикот на Скендербег, со самодоверба која е својствена за луѓето со силна позадина, церемонијално беше прогласена „Република Илирида“ во 2014 година, а еден од нејзините основачи тогаш отворено ѝ порача на македонската јавност без никакви потреби за вербално маскирање на планираните методи, дека Македонците можат да го прифатат тој проект на мирен начин или со војна, при што на нив самите е оставено да одлучат што сакаат.
Халили тогаш упати барање Македонија да функционира како држава со две републики и да почива на примерот на „поранешната федерација помеѓу Србија и Црна Гора“.
Пред две години, високи српски претставници изразија загриженост дека зад провокациите со знамето за Голема Албанија закачено на дрон сред Белград стои нечие незадоволство по повод посетата на Владимир Путин на Србија. Затоа, нема сомнеж дека епицентарот на тоа незадоволство се наоѓа негде на западната страна на светот, која оправдано се нарекува покровител на албанскиот фактор на Балканот. Ова тогаш беше цитирано од „Гласот на Русија“.
Кога на инцидентот со дронот ќе се додаде и наглото активирање на споменатите фактори, не само во Србија, туку и во Македонија со прогласувањето на Илирида, тогаш се поставува прашањето дали тоа се случува на нечиј знак?
На Фејсбук постојат неколку „специјализирани“ страници за голема Албанија. На нив можат да се прочитаат следниве пораки: „Една нација, една земја, едно знаме“, „Македонија е земја во која се зборува албански и каде се малтретираат и младите и старите“, „Соседите нѝ се населија и 100 години нѐ оставија во дворот. Нѐ натераа да ги земеме пушките и сега велат дека ние сме воинствени“…
На овие мапи, освен Македонија, зафатени се и Црна Гора, Србија и Грција.
Не е сосема случајно албанското влијание врз активностите на Зоран Заев, кој во повеќе наврати даваше изјави дека не би му пречело ако во земјата се зголеми влијанието на албанскиот фактор (притоа занемарувајќи ги правата на останатите етнички заедници), неговото коалицирање со БЕСА и отворените ставови за промена на името на државата со што ќе се оствари клучен чекор за реализација на „Голема Албанија“.
Не е случајно што оваа кампања се затскрива зад улични движења и „граѓански активизам“, кого го сочинуваат луѓе на кои им се ветени високи позиции доколку се смени власта во Македонија. Со тоа, се наметнува вистинската причина за протестите, бидејќи аболицијата на Иванов беше спомената во најмал процент додека се држеа говори. Од друга страна, пак, масовно се спроведуваше идејата за федерализација на Македонија, активирање на терористички ќелии за „одбрана од режимот“ кој досега не реагираше против „слободоумните испрани мозоци“, освен кога земаа за право да демолираат и крадат.
Едно е да се излезе на улица и да се протестира, друго е да се крши и да се практикува вандализам.
И додека уличните шарени молери бојадисуваат згради и споменици низ Македонија, на социјалните мрежи расте влијанието на кампањата за формирање на Илирида.
Таков е случајот со Твитер профилот Republic of Ilirida, кој веруваме не сосема случајно се активираше со објави откако драгите наши „улично-револуцинерски“ молери почнаа да плукаат по историјата и по земјата за која ќе се радуваат откако ќе се подели.Во главниот град на Македонија пред споменикот на Скендербег, со самодоверба која е својствена за луѓето со силна позадина, церемонијално беше прог