Револуцијата започна да си ги јаде сопствените „деца“. Иако не станува збор за деца, туку за едни од водечките пера на СДСМ, двајцата Бранковци – Тричкоски и Героски.Концептуалните несогласувања во таборот на сдсмовските шарени платеници не се нови, но ескалираа после синоќешниот дебакл на сдсмовскиот обид за некаква револуција на кој му претходеше двомесечно вандалиирање споменици, уништување државен имот, блокирање на слободното движење на луѓето и физички напади врз цивили – се до синоќешниот „крај на зададениот ултиматум“ и обидот да се урне споменикот на Прометеј наспроти Собранието на Република Македонија.
Тричковски е доста незадоволен од однесувањето на Заев, Героски е многу поумерен и според него Заев не смеел да изнесе толкав народ на улица и да не го „води шоуто“, како и дека ултиматумите биле грешка.
Саше Политико е поконкретен од Героски и тврди дека СДСМ донел 90% од луѓето вчера, а тука и таму се наоѓа и по некој интересен коментар од Тито Беличанец.
За Беличанец е интересно и дека неколку часа пред соборувањето на Прометеј објави цртеж на својот фејсбук профил од соборување на споменик, уште еднаш потврдувајќи дека вчерашниот дебакл од „револуција“ е авторско дело и план на СДСМ како скриен зад „граѓаните“ да се обиде преку деструкција уште еднаш да дојде на власт без избори.
Исто како и лани – и годинава не успеа.Концептуалните несогласувања во таборот на сдсмовските шарени платеници не се нови, но ескалираа после синоќешниот дебакл на сдсмовскиот обид за не