Шарените си имаат мака: Никој не знае каде се донациите што ги собираа

„Сите за еден, еден за сите“ со оваа легендарна максима на тројцата мускетари шарените фрлачи на кондоми со боја пред речиси два месеци собираа пари со кои требаше да се плати правната помош за приведените хулигани кои вандализираа споменици и државни институции низ Скопје.Со своја донација од неколку илјади денари учествуваше и Зоран Заев и Радмила Шеќеринска, а според податоците на шарените (релативна е веродостојноста) на солидарните забави биле собрани 16.000 евра за правна помош на приведените.
Два месеци подоцна, никој не знае каде се парите.
Имено, веднаш по приведувањето на неколку хулигани од редовите на шарените, СДСМ/Сорос истите беа ослободени и за никој од нив немаше потреба од правна помош бидејќи сите поминаа само со прекршочни пријави. Штом немаше потреба за правна помош, немало потреба ниту за пари, а пари беа собрани. 16.000 евра. И, сега никој не знае каде се.
На својот ФБ профил една од најгласните активисти на шарените, актерката која изеде ќотек од баба пред маркет бидејќи била „предавник“ и „како не и било срам“ Ирена Ристиќ, оправдувајќи се напиша дека иако ги барала парите, не знае каде се.
 
Ваквото однесување на шарените/соросоидите не е зачудувачко, особено ако знаеме дека истите се лесно достапна роба за сечиј странски интерес кој најчесто е спротивен на домашниот. Алчни за пари, соросоидите/шарените се продадоа за грантовите на Сорос/УСАИД и уште неколку странски амбасади. И тоа не им беше доволно, па демолираа канцеларии и крадеа лаптопи, а на крајот и солидарната помош некој ја „стопил“.
 Извор: Infomax.mkСо своја донација од неколку илјади денари учествуваше и Зоран Заев и Радмила Шеќеринска, а според податоците на шарените (релативна е веродостојно

Пронајдете не на следниве мрежи: