Голманот на селекцијата на Катар, Даниел Шариќ, изјави дека никој не им поставил цел која мора да го исполнат. Ова се однесуваше на веста дека катарските ракометари ќе бидат наградени ако дојдат во полуфиналето.-Имавме своја цел, а тоа беше да го дадеме максимумот. Мислам дека ни помогна тоа што размислувавме само за наредниот меч. Во ниту еден момент никој не ни постави цел да дојдеме до некое финале или полуфинале. Луѓето само ни рекоа да се бориме и да играме максимално ангажирано, изјави Шариќ, а пренесуваат босанските медиуми.
Голманот на Катар, на прашањето за премиите од еден милион долари, стан и автомобил Масерати, на новинарот само му рече:
-Па, ти веруваш во тоа? Навистина, дали веруваш ти во тоа?, прашува голманот на Барселона.
Информацијата дека ракометарите на Катар ќе добијат премија од еден милион евра, стан во Доха и автомобил Масерати за пласман во полуфинале, најнапред ја објавија медиумите во Доха, а потоа ја пренесоа речиси сите европски, но и светски медиуми.-Имавме своја цел, а тоа беше да го дадеме максимумот. Мислам дека ни помогна тоа што размислувавме само за наредниот меч. Во ниту еден момент нико