Поранешниот претседател Николас Саркози навести дека би можел да се врати во политиката, не поради желбата за власт, туку поради „должноста“ кон францускиот народ, пренесува во средата Reuters цитирајќи делови од неговото интервју за деловниот магазин Valeurs Actuelles.
„За жал, ќе дојде моментот кога прашањето повеќе нема да гласи ’Дали сакате?’, туку ’Дали имате избор?’“, изјавил поранешниот конзервативен претседател на Франција, Николас Саркози„Во тој случај, повеќе нема да можам да повторувам: среќен сум, го водам своето девојченце во училиште, присуствувам на конференции ширум светот“, вели Саркози.„Во тој случај од ме ќе се бара да се вратам. Не поради тоа што тоа јас го сакам, туку поради должност. И само затоа што се работи за Франција?“ додал поранешниот претседател.По минатогодишните претседателски избори на коишто беше поразен од социјалистичкиот противкандидат Франсоа Оланд, Николас Саркози кој беше челник на десната Унија за народно движење (UMP) се повлече од политиката. Меѓутоа, 58-годишниот Саркози е извонредно популарен меѓу приврзаниците на неговата партија и многумина бараат тој да се врати и во 2017 година повторно да учествува на претседателските избори.
МакфаксПоранешниот претседател Николас Саркози навести дека би можел да се врати во политиката, не поради желбата за вл