Шарли Ебдо НЕМА СРАМ: „Карикатурата за уривањето на рускиот авион е чисто богохулие“

Карикатурите на францускиот сатиричен магазин шарли Ебдо за падот на рускиот авион во Египет, претставуваат богохулие кое нема никаква врска со демократијата, изјавил Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин.„Во оваа земја ние тоа го нарекуваме со јасен збор – богохулие. Тоа нема никаква врска со демократија, самоизразувањето или било што друго. Тоа е чисто богохулие“, им рекол Песков на новинарите, пренесува ТАСС.
Песков додал дека со колегите се обиделе да пронајдат карикатури за новинарите на списанието кои биле убиени од терористите, но дека не успеале да пронајдат.
„Доколку биле објавени такви карикатури и тие би биле богохулие“, нагласил тој.
„Така барем ние се однесуваме во оваа земја. Не ги коментирам моралните стандарди на Французите, тоа е нивна работа. Но, во оваа земја тоа е богохулие, повторил Песков.
Според неговите зборови, Москва нема да го контактира со Париз по овој повод, бидејќи „Шарли Ебдо не е официјален магазин и нема голем тираж“.
Авионот A321 на компанијата „Когалимавија“ во саботата се урна во Египет и притоа загинале сите 224 патници и членови на екипажот, повеќето од Русија.
Две контроверзни карикатури за оваа трагедија биле објавени во последниот број од списанието Шарли Ебдо.
Голем срам за ова списание и голем срам што немаат нималку образ, барем не откако го преплавија светот со хаштагот Je suis Charlie!
„Во оваа земја ние тоа го нарекуваме со јасен збор – богохулие. Тоа нема никаква врска со демократија, самоизразувањето или било што друго. Т

Пронајдете не на следниве мрежи: