„Шарли Ебдо“ повторно провоцира, овојпат со карикатура за Украина!

Парискиот сатиричен неделник „Шарли Ебдо“, во последното издание објави карикатура која се однесува на прекинот на огнот на истокот од Украина.На цртежот со назив „Прекин на огнот: Досада во Доњецк“, се прикажани жителите од источна Украина кои се прашуваат: „А зошто сега не организираме нешто со карикатуристите?“.
Шефот на Комитетот на руската Државна Дума за надворешна политика Алексеј Пушков, карикатурата ја нарече „гнасна“.
„Тоа е гнасно и тоа не е слобода на изразување“, напиша Пушков на Твитер.
Иако Русија првобитно го поздрави маршот во Париз по нападот на „Шарли Ебдо“, многу руски медиуми и јавни службеници дополнително го обвинија сатиричниот весник за непочитување на верниците.
Три руски медиуми добија казни во јануари откако ја објавија насловната страна на „Шарли Ебдо“ со пророкот Мухамед.
Неколку илјади луѓе кон крајот на јануари се имаат собрано во Грозни, главниот град на Чеченија, за да протестираат поради карикатурите во парискиот лист.На цртежот со назив „Прекин на огнот: Досада во Доњецк“, се прикажани жителите од источна Украина кои се прашуваат: „А зошто сега

Пронајдете не на следниве мрежи: