Шармантниот тренер- нов серијал на TLC

 „Шармантниот тренер“ е комедија без сценарио која го следи симпатичниот но зајадлив Бил Алверсон кој пробува да го усогласи семејниот живот, адвокатската кариера и работата како тренер на избори за убавина. Бил е најбараниот тренер во Америка кој ги подготвува потенцијалните носителки на круни ширум земјата.Екстензиите за коса и светкавите фустани се најмал проблем, тоа што не може да се лажира е паметот и прибраноста. Серијалот го следи Бил од моментот кога се запознава со натпреварувачките па се до избирање на вистинскиот фустан, шминка и чевли, вежбање совршен говор, прикажување на талентите и правилно одење на писта. Бил ги подготвува и девојките за интервју кое е еден од најважните делови од натпреварувањето. Неговата мисија е да во текот на сезоната ги подготви девојките, и психички и естетски, за освојување на круната.
Советите на Бил не сопираат само кај натпреварувачките или неговите клиенти кои ги застапува како адвокат. Неговиот искрен и отворен пристап често прави проблеми и во интеракцијата со најблиските. Често води дискусии со снаата што и како да јаде за време на бременоста. На најмладата ќерка Стела и држи предавања со кој треба да излегува, а на неговиот син Вилјам кој му е и партер, знае да му приговара за работата. Сепак неговото семејство знае дека единствен начин на се преживее тато, е да му се врати со иста мера.
Забавувајте се со Бил од понеделник, 7 март во 20 часот на TLC.Екстензиите за коса и светкавите фустани се најмал проблем, тоа што не може да се лажира е паметот и прибраноста. Серијалот го следи Бил од моменто

Пронајдете не на следниве мрежи: