Саша Ковачевиќ како специјален гостин со концерт и средба со фановите

Викендов во Пехчево ќе биде исполнет со единствената од ваков вид манифестација во земјава, Фестивал на дувачки оркестри. Покрај дефилето на дувачките оркестри од земјава и регионот, специјален гостин на фестивалот е Саша Ковачевиќ, познатиот српски изведувач.
 Во склоп на фестивалот, Ковачевиќ ќе одржи и вечерен концерт каде ќе ги изведе своите веќе познати и нови хитови. Концертот ќе се одржи на 16ти јули во сабота, но пред самиот концерт специјално за љубителите на неговите песни, Саша Ковачевиќ ќе има неофицијално дружење со своите фанови. Во кафе барот КИМ во Пехчево во период од 17.00 до 17.30 часот, покрај фотографирањето со Саша Ковачевиќ и делење автограми, фановите ќе имаат можност да се дружат и да поразговараат со популарниот пејач.
Манифестацијата Фестивал на дувачки оркестри Пехчево 2016 како и концертот на Саша Ковачевиќ е овозможено од Општина Пехчево, КИТ-ГО Маркети и Хотел Гогов.Во склоп на фестивалот, Ковачевиќ ќе одржи и вечерен концерт каде ќе ги изведе своите веќе познати и нови хитови. Концертот ќе се одржи н

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.