Директорот на Гранд продукција, Саша Поповиќ, објави дека финалето на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ ќе се одржи на 13. јули во Сараево, а во главниот град на БиХ осамна плакат со кој се негодува поради терминот на финалето.Натпреварувањето е популарно во регионот, но на поединци во Босна им пречело тоа што финалето се одржува два дена по одбележувањето на 21. годишнина од страдањето на муслиманите во Сребреница.
„Бидејќи ветив дека финалето од Ѕвездите на Гранд ќе се одржи во Сараево, го поместив датумот подоцна. Не сакав тоа да биде 9. јули, бидејќи е два дена пред одбележувањето на годишнината од Сребреница. Но, бидејќи целиот тим на 15. јули е на годишен одмор, единствениот ден кога можеше да се одржи во Сараево беше 13. јули. Сакавме да помине одбележувањето на Сребреница и Рамазан, па да го одработиме финалето или да го преместиме во Белград“ – рекол Поповиќ и додал дека не му е јасно поради што настанал проблем.
„Прашав луѓе во Сараево дали е во ред тој термин и ми рекоа дека е. Ако е проблем тој 13. јули, тогаш финалето ќе се одржи во Белград“ – објаснува Поповиќ.Натпреварувањето е популарно во регионот, но на поединци во Босна им пречело тоа што финалето се одржува два дена по одбележувањето на 21. годишнин