Саше Политико доби нервен слом по „корпата“ од Милчин и Сорос

Сопственикот на проопозицискиот медиум Мактел, Саше Ивановски, се огласи со објава во која во најмала мера може да се каже дека силно го изразува своето незадоволство од Фондацијата Сорос и Владимир Милчин. Излегува на површината дека Сорос плаќа за рушење на власта, а ова може да се види од последниот испад на Саше Ивановски. Очигледно е дека нетрпението кај платениците на Сорос расте со оглед на тоа што тој не може да постигне да ги исплати сите оние кои плукаат по демократски избраната власт која ја нарекуваат режим.
Па така, во недостаток на финансии, Саше го исплука и својот сакан филантроп Сорос, а не штедеше сочни епитети и за главниот човек на фондацијата во Македонија, Владимир Милчин.
Во изливот на емоции, Саше се пожали дека го одбиле да состави тим кој ќе го следи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поставувајќи му прашања за чии одговори подоцна сака да напише книга, и се закани дека Фондацијата Сорос нема да успее да ја урне власта ако продолжи вака скржаво да се однесува кон своите миленичиња и да ги „обесправува“.

Пронајдете не на следниве мрежи: