„Ти Владе имаш мрежа од над 100 невладини и околу 20 портали и медиуми во државава и ако тоа не е воопшто доволно за бутање на Грујо тогаш е сосема доволно за правење многу проблеми во опозицијата ако нејзините политички лидери не те слушаат тебе“.
Ова е пораката на Саше Ивановски-Политико испратена до првиот човек на Сорос фондацијата во Македонија, Владимир Милчин, како реакција на објавената колумна на Милчин на порталот Плусинфо, во која според Политико, Милчин пласира две големи лаги, една полувистина, една недоумица, две клевети и еден налог за новинарско убиство.
Според Политико, првата лага е дека фондацијата Сорос не ја помагала СДСМ сo своите активности. Тој смета дека бидејќи ова тврдење е дури и смешно и во него не веруваат ни малите деца во градинките, нема воопшто да го анализира.
„Втората лага е дека јас сум барал интелектуалците да бидат замолчани. Јас тоа никаде не го реков. Само побарав од СДСМ да се дистанцира од интелектуалците пошо тие немаат абер од прагма плус тие не носат одговорност за поразите на СДСМ на избори, за тоа секогаш криво е раководството. Ти Владе 20 години си на чело на Сорос и сигурен сум ќе бидеш уште најмалку толку. Но кај СДСМ се сменија дузина раководства кои погинаа храбро на боиштата слушајќи ве вас некогаш и од немукает поради вашата моќ и влиjание кое е големо. Ти Владе имаш мрежа од над 100 невладини и околу 20 портали и медиуми во државава и ако тоа не е воопшто доволно за бутање на Грујо тогаш е сосема доволно за правење многу проблеми во опозицијата ако нејзините политички лидери не те слушаат тебе. Вашите авангардни ставови кои народот ги сметаше за ставови на СДСМ и опозицијата затоа што опозицијата не се огради од тие ваши ставови, и нанесоа голема штета на таа опозиција. Абортусот, геј правата, компромис за името, анти-МПЦ потези и ставови, исмевање на навивачите и сите нивни слогани, промовирање на соживот со Албанците пропратен со апсолутен молк за националистичките излети на ДУИ и ДПА и генерално албанската популација кај нас која е политички разгалена, сето тоа се стојалишта апсолутно потребни во едно општество но се забранети за мејнстрим партија во ситуација кога власта има толку моќни медиуми и пари за пропаганда!“, пишува уредникот на порталот Мактел.
Преписките меѓу Ивановски и Милчин доаѓат откако Политико јавно го кажа она што сите го знаат, дека Сорос ја финансира левицата, но и медиумите блиски до неа. Тој упати јавен повик до СДСМ да се дистанцира од Сорос, наведувајќи дека фондацијата само и носи штета на партијата.Ова е пораката на Саше Ивановски-Политико испратена до првиот човек на Сорос фондацијата во Македонија, Владимир Милчин, како реакција на објавенат