(Почитувани читатели помогнете ми да се одбранам од тужбите од Латас и другите талибанци а и да опстојам во борбата проти нив, доколку сте во можност донирајте симболични средства на сметката 2105016428904хх Тутунска Банка. За оние од странство, ИБАН mk07210501642хххххх СВИФТ TUTNMK22. Благодарам, Саше Политико, уредник на Мактел)
Ова погоре драги читатели е врвот на македонското новинарство, врвот на глупоста на еден човек и врвот на бламажата која што неможеше да биде поголема. Почна со дебилни емисии каде пола гости го избламираа и буквално го згазија на таканаречените дуели кои тој проба да ги направи со нив, па почна да пишува говори на Стојанче од Достоинство, и таман кога мислевме дека го допре дното со дерењето во собрание и со брукањето во Народен Театар, Сашенце не изненади.
Сашенце почна да проси. Жално, но вистинито. Вистински пример на рекет и на живеење од глупостите кои ги пишува на своето мало порталче. Му дадоа некое денарче од Сорос и почна да го игра нивното оро, почна да вреѓа, да плука за потоа да се улизува на тие стотина читатели што ги има дневно да му дадат некое денарче затоа што кутриот Сашенце немал ни за сервер.
Сета оваа бламажа би била јасна доколку барем неговите ментори од СДСМ му даваа за сервер како што му даваат на Геро, Борјан и на останатите за да ја извршуваат партиската агенда, меѓутоа ова е ептен греота…. Греота е што на целава багра не и е јасно сеуште дека со плукање и вреѓање нема да го вратат Зоран со корнишоните на власт и дека со вакво привлекување внимание прават само контра ефект и услуга на власта.
Меѓутоа како што народот рекол, глупоста нема граници така што останува само да се прашуваме што е наредниот потег на Сашенце.
Дали можеби ќе скока од Галиите во Вардар како следен обид да привлече дел од вниманието на јавноста ?
П.С. Се молат другарчињата на Сашенце доколку ги има да го седнат и да го вразумат… ова е надвор од свеста на секој нормален човек
Ова погоре драги читатели е врвот на македонското новинарство, врвот на глупоста на еден човек и врвот на бламажата која што неможеш